Тригодишно дете кое е родено со белег на главата, веднаш штом прозборело за првпат, потврдило дека било убиено. Кога старешините од селото ги одвело на местото кадешто некогаш имаше живеено, сите биле запрепастени од исходот на настаните.Многумина се прашуваат дали претходниот живот е мит или реалност. Доколку сте скептични по ова прашање, тригодишно дете од Голанската висорамнина, која се наоѓа во близина на границата на Сирија и Израел, можеби ќе ви го смени мислењето. Ова дете тврди дека во претходниот живот било убиено со секира. Тоа што е фасцинантно е фактот дека по посетата на детето на селото во кое живеело во минатиот живот, пронајден е скелет, оружје, како и неговиот убиец.
Во својата книга „Деца кои живееле порано: Реинкарнација денес“, германскиот терапевт Труц Хардо ја објаснува приказната на ова дете, како и приказните на други деца коишто се сеќаваат на своите претходни животи со неверојатна прецизност. Приказната на детето од Голанската висорамнина е забележана од страна на докторката Ели Лаш, која што пружала неопходна медицинска помош во Газа, како дел од мисијата на израелската влада, за време на шеесеттите години. Пред да умре, таа му го раскажала овој неверојатен феномен на Хард.
Детето е дел од верската заедница Друзи која му припаѓа на еден облик на исламот и која живее на просторите на Сирија, Либан, Израел и Јордан. Реинкарнацијата во нивната култура е прифатена како факт, но приказната на ова дете ги изненадила припадниците на оваа заедница.
Тој е роден со долг белег на главата. Друзите веруваат, како и некои други култури, дека белезите се поврзани со смртта во претходниот живот. Кога детето доволно пораснало и прозборело, на своето семејство му рекло дека е убиено со удар од секира по главата.
Вообичаено е старешините да го одведат секое дете коешто ќе наполни три години на местото на кое тоа живеело во претходниот живот – доколку детето се сеќава на тоа. Детето знаело во кое село живеело во претходниот живот. Тоа дури се сетило и на своето име кое го имало.
Жител на селото рече дека човекот, за кого детето тврдеше дека е негова реинкарнација, исчезнал пред четири години. Семејството и пријателите на исчезнатиот човек помислиле дека залутал на непријателска територија, со оглед дека тоа и претходно се случувало.
Детето исто така знаело и кој го убил во претходниот живот. Кога се соочил со убиецот, неговото лице пребледело, но сепак не го признал убиството. Тригодишното дете потоа им рекло на старешините дека може да ги однесе на точното место на кое е погребано телото. На истото тоа место бил пронајден скелет на човек, со рана на главата која се совпаѓа со белегот кој детето го носи уште од своето раѓање. Исто така беше пронајдена и секирата.
Убиецот сепак го призна злосторството, кога на крајот беше соочен со доказите.
Ова е само уште една од приказните во низата за овој феномен. За жал, науката можеби никогаш нема да може да ги потврди овие приказни, ниту пак да даде прецизни одговори за овој феномен.
Многумина се прашуваат дали претходниот живот е мит или реалност. Доколку сте скептични по ова прашање, тригодишно дете од Голанската висорамнина,