Козметичките препарати не се едни од оние работи кои со текот на времето стануваат се подобри. Старата шминка може да предизвика сериозни проблеми при нанесувањето, а најголемиот проблем се бактериите кои се наоѓаат во неа.Еве неколку совети кои ќе ви објаснат кога треба да ја фрлите старата шминка и да набавите нова.
Каде ја држите својата шминка?
Бактериите настануваат зависно од тоа каде ги чувате шминките и како ги нанесувате. Повеќето од жените своите козметички препарати ги држат во WC-то кое е полно со влагам а влагата е погодна за развој за бактерии.
Еве уште неколку совети за тоа како да ја чувате и користите правилно шминката.
– Маскарата мора да ја менувате на секои 3 месеци бидејќи таа доаѓа во директен контакт со очите и може да предизвика инфекции.
– Исчистете го карминот од време на време, така што горниот слој нежно ќе го избришете со марамица потопена во алкохол.
Ова правило важи и за моливчето кое го нанесувате на очите или устата.
– Подлогата за шминка и пудрата во прав можат да траат до една година, ако правилно го чистите сунѓерчето со кое ја нанесувате.
– Четките и сунѓерчињата мора редовно да ги чистите. Ставете ги во вода, ставете малку детски шампон, потоа исцедете ги и оставете ги да се сушат. Доколку не сакате ова да го правите, можете да си купите нови, бидејќи тие се доста ефтини.
– Својата козметика не ја оставајте во близина на четките бидејќи тие можат да пренесат многу повеќе бактерии отколку што можете да си замислите.Еве неколку совети кои ќе ви објаснат кога треба да ја фрлите старата шминка и да набавите нова.
Каде ја држите својата шминка?