Шестгодишниот Димитар од селото Трап, во несреќна околност испил солна киселина не знаејќи што има во шишето. Тоа се случило во август минатата година, а оттогаш неговото семејство минува низ трнлив пат за да му овозможи на Димитар повторно да јаде нормално.Димитар сега јаде со шприцеви, јаде храна која ја има само во Турција во близина или, пак, она што ќе му го подготви мајка му. Новогодишните пакетчиња кои ги доби, тажно зјаат во плакарот, нема кој да ги јаде.
Него му била извршена успешна операција на 1 ноември минатата година, во Истанбул, Турција каде што му беше направена реконструкција на езофагусот, операција која ја покри Фондот за здравство. Но, последните два месеца почнува да има проблеми, а мајка му вели дека е неопходно е да се продолжи езофагусот уште неколку сантиметри за да нема проблеми при јадењето.
– Вода не може да пие, сокче не може да пие, почнува да повраќа – вели мајката Василика Јанева за ТВ Тера.
Таа ги замолува сите што се во можност да им помогнат да соберат 20.000 евра кои им се потребни за втората операција, која, исто така, мора да биде направена во Истанбул, и тоа на 21 март. А вели, Димитар е многу паметно дете. Прваче во училиштето во село Трап.
– На операција беше, па се интересираше за учителката, математика решаваше – вели мајката на Димитар.
Иако живеат во Трап, Василика и Димитар се преселија во Битола, затоа што таму ги нема основните услови за хигиена и чист воздух кои му се потребни на Димитар. Татко му пак остана да живее таму, кадешто работи и заработува за семејството. Василика, како и секоја мајка, лавовски се бори за нејзиното дете. Вели најтешко ѝ паѓа, кога нејзиниот син секој ден погледнува во календарот и гледа уште колку денови има до наредната операција.Димитар сега јаде со шприцеви, јаде храна која ја има само во Турција во близина или, пак, она што ќе му го подготви мајка му. Новогодишните пакетч