Неда Украден: Зад секојa успешна жена стои еден пропаднат брак

Најсексапилната баба на Балканот Неда Украден открива какви карактеристики би требало да има нејзиниот избраник, дали би му простила прељуба и зошто се развела од бившиот сопруг.„Мора да биде една машка Неда Украден, да сака и да зготви добро и да се дотера, да е мангуп и зафркант, но и господин. Мора да и’ биде дораснат на жената што е тука и таму, некој што го сака семејството, топлината на домот, но и добра претстава и кафеана. Ви велам, таков уште не се родил“, вели Неда.
На прашањето дали некогаш доживеала прељуба, одговара:
„Како не, па кој не доживеал?! Ако жените мислат дека мажот не ги изневерил, во тешка заблуда се. Имено, не е реално цел живот да сакаме само една личност. Вистинска прељуба е некој да живее со тебе, а да сака некој друг – тоа е страшно! Преку тоа никогаш не би можела да поминам.“
Пејачката откри и која била причината за распаѓањето на нејзиниот брак со покојниот режисерМилан Билбија, татко на нејзината единствена ќерка Јелена.
„На човекот ужасно му пречеа мојата слава и начинот како реагирав на неа. Тој сметаше дека и’ штети на нашата врска и дека приоритет би требало да ни биде нашата куќа, а не моите турнеи. Секогаш се вели дека зад еден успешен маж стои жената, но зад успешна жена обично стои еден уништен брак, сопствениот најчесто.“„Мора да биде една машка Неда Украден, да сака и да зготви добро и да се дотера, да е мангуп и зафркант, но и господин. Мора да и’ биде

Пронајдете не на следниве мрежи: