Неделен хороскоп 15.09-21.09.2014

Loading...

Неделен хороскоп 15.09-21.09.2014Овен
Оваа недела се можни судири,  а влијанието на месечината дополнително ќе ја зголеми тензијата и чувствата и ќе ве наведе претерано да реагирате. Уште повеќе, ќе се чувствувате наострено и ќе имате расправија со некого и тоа кога ќе биде потребно да проголтате некој збор и да се согласите на компромис. Сепак, кон средината на неделата ви пристигнува охрабрување за постоечки проекти или планови. Кон крајот на неделата повторно ќе бидете во свој елемент и подготвени за истражување на нови пространства. Ќе бидете преплавени со различни емоции, но внимателно одберете го моментот кога да ги изразите вашите желби и чувства во друштво на некоја блиска личност.
 
Бик
Оваа недела можни се одложувања на некои планови поради различни пречки. Можат да ви се појават фрустрации во врска со организирањето на некоја забава или прослава. Доколку имате состанок со некого, имајте на ум дека не е злато се што сјае. Ќе имате многу повеќе енергија да се посветите на некои проекти. Вашиот приватен живот драматично ќе се подобри. Ќе ви одговата нечие однесување и спремноста да ве задоволи на различни начини. Ако сте млади и слободни, ве очекуваат интересни контакти и нови познанства.
 
Близнаци
Во понеделник ќе бидете во центарот на вниманието, што ќе предизвика можност да ги искажете своите вештини и таленти или пак да направите некоја сјајна презентација. Сепак, потешкотии ќе се појават во вторник, па обидете се да ги избегнете расправиите кои не ви изгледаат привлечни. Кон средината на неделата ќе се создадат услови за релаксирање и поголемо дружење. Во текот на престојниот викенд на повидок се нови пријателства, кои ќе создадат услови за нови искуства. Исто така, љубовта ви тропа на врата.

 
 
Рак
Влегувате во зона полна со енергија за патување и авантуристички потфати, со силна атракција кон некој кој не е од вашата држава или култура. Дали тоа би можело да биде тој(таа) вистинскиот(ата)? Опуштете се и само полека и немојте да донесувате заклучоци прерано. Дајте си на себе време за да донесете одлука.  Може да бидете посебно мотивирани да започнете да одите во теретана или да истражувате сосем нови потенцијали за работа. Се што е досадно категорично ќе го отфрлите и ќе ви се пружи шанса за нешто сосем ново и предизвикувачко. Потпрете се на вашиот емотивен потенцијал кој ве прати и на својот „внатрешен глас“.
Лав
Самиот почеток на неделата ќе биде прилично обележен со расправии бидејќи вие и луѓето околу вас ќе бидете изразито чувствителни. Затоа немојте да се инаетите. Искористете ја средината на неделата  и нејзините можности да ги проширите своите погледи, посебно ако се однесуваат на вашите креативни способности. Исто така, посветете внимание и на финансиите. Чувајте ги потврдите, бидејќи може да ви затребаат за оправдување или враќање на пари. Подоцна во текот на неделата, вашата зона на релаксирање и уживање ќе биде под такво влијание на планетарниот распоред што ви доенсува време за релаксирање и полнење на батериите.
 
Девица
Ќе бидете во свој елемент проади високата самоувереност.  Ќе се отвори прашањето на некој однос со пријател, кој ве оптеретува веќе подолго време. Обидете се да не се нервирате и пробајте медитација или било што друго што ќе ве опушти и ќе ви ги отргне мислите. Подоцна во текот на неделата, кога страстите ќе се смират, точно ќе знаете што сакате. Сепак бидете внимателни доколку договарате работа и погрижете се добро да ги прочитате сите услови(и фуснотите!) пред потпишувањето. Викендот е идеален за некоја забава. Во љубовниот живот не можете не можете да останете рамнодушни на нечија појава или влијание, постојат постапки и детали кои издаваат повеќе отколку што претпоставувате.

 
Вага
Обидете се да направите добар распоред и план на почетокот на неделата. Кратки или чести паузи во работата, можат да ви помогнат да избегнете некои непријатности. Средината на неделата ќе биде обележана со доста дружења, што може да биде добра можност за некоја посебна средба или едноставно за одличен провод со друштвото. Исто така, во тоа време секој службен состанок добро ќе помине. Подоцна во текот на неделата, ќе имате вистински момент да кажете што мислите и да ги промовирате своите цели и услуги. Потеребна ви е поголема емотивна наклонетост и ментална блискост со личности со слични афинитети.
Скорпија
Обидете се на саканиот(ата) да приредите една романтична вечер во почетокот на неделата, бидејќи ѕвездите го бараат тоа од вас. Во вторник внимавајте што зборувате, бидејќи постои голема можност да упаднете во некоја тривијална расправа. Кон крајот на неделата можни се некои позитивни финансиски поместувања. Како што ќе бидете мирни и внимателни, ќе посакате парите да ги потрошите со пријателите или семејството. Но немојте да бидете екстремни. Секогаш постои суптилен начин да ги остварите своите емотивни намери, да бидете доволни инспиративни и нежни. Својата креативна енергија насочете ја кон корисни цели.
Стрелец
Во понеделник ќе бидете забавно расположени, но бидете внимателни бидејќи може да испратите некои двосмислени сигнали. Ќе бидете пречувствителни, па погрижете се да не реагирате претерано или да направите нешто за што подоцна ќе жалите. Исто така, вашето семејство и кариера заслужуваат внимание. Во текот на престојниот период можни се состаноци со многу различни луѓе. Ќе бидете многу опуштени. Тоа е вистински момент за некоја нова авантура. Нечие присуство ќе ви дејствува многу инспиративно и ќе ве наведе на племенито однесување.

 
 
 
Јарец
На самиот почеток на неделата комликациите поради лошата комуникација ќе бидат на врвот. Немојте прерано да донесувате заклучоци бидејќи работите можеби не се такви какви што изгледаат и ви се чинат. Покрај тоа, ќе имате сјајна можност да направите некој прифитабилен или корисен професионален договор, при што ќе ви се откријат и нови позитивни идеи. Тркалото на среќата на работата ќе се сврти во ваша корист. Подоцна во текот на неделата може да очекувате вашата интуинтивна свест да одигра поголема улога во донесувањето на клучните одлуки. Ќе ве преплави романтично расположение и ќе посакувате идилична врска.
Водолија
На почетокот од неделата ќе бидете пред разни предизвици и затоа само полека и внимателно водете ги работите. Може да бидете примамени да трошите повеќе пари отколку што можете. Подоцна во текот на неделата ќе ви стигне примамлива понуда да го подобрите вашиот партнерски однос или едноставно подобро да функционирате во тимот на работа. Во таа смисла, две глави се секогаш подобри од една. Во текот на престојниот викенд ви се насмевнува одличен друштвен живот. Доколку сте млади или слободни, премногу очекувате од една средба која нема во потполност да ги исполни вашите очекувања.
Риби
Во понеделник посебно ќе бидете охрабрени да ги покажете вашите чувства и јасно да кажете што мислите. Бидете внимателно да не се изразите кон погрешни луѓе. Подобро прибегнете кон мирољубиви и хармонични решенија отколку да бидете ултимативни и драматични. Подоцна во текот на неделата ќе се освежи вашиот професионален живот, ќе почувствувате налет на позитивна енергија, што ќе ви помогне да ги унапредите вашите цели. Држете се до својот план и далеко ќе стигнете. Во согласност со своите намери, неојте да зборувате повеќе отколку што е потребно.Овен
Оваа недела се можни судири,  а влијанието на месечината дополнително ќе ја зголеми тензијата и чувствата и ќе в

loading...
Loading...