Неделен хороскоп 28.10.2013-03.11.2013

Неделен хороскоп 28.10.2013-03.11.2013Овен
Идејата која некој ќе ви ја предложи во понеделник, внимателно разгледајте ја и почекајте. Тоа не е поволен ден за носење на одлуки. Почекајте до вторник и среда.  Во разговорите бидете едноставни. Немојте своите емоции веднаш да ги искажувате. За викенд посветете му се на вашето здравје.
Бик
Добри сте во она што го правите. На  почетокот на  неделата, но на почетокот на неделата обидете се да го видите доброто во другите луѓе. Во среда ќе бидете на правиот пат кон успехот. Поделете им ги задачите на оние во кои имате доверба. Што се однесува на љубовта таа е насекаде околу вас.
Близнаци
Мали разлики многу значат. Обидете се да најдете начин во понеделник да заблескате. Следете го своето срце. Кон средината на неделата вашето внимание ќе биде насочено кон емотивната страна на животот. Водете сметка да не пропуштите некоја важна вест.
Рак
Убавото однесување ќе биде на цена во понеделник. Во вторник и среда ќе заблескате на деловен план. На крајот на работната недела, ќе се фокусирате на еден проект. Најдете време за викендот да поминете време со вашите сакани.

 
Лав
Обидете се да бидете самостојни во било кој облик-емотивен и финансиски. Само на тој начин може да станете вистински господар на својата судбина. Во вторник и во среда обратете внимание на приватниот живот. Обидете се да не ја мешате работата и задоволството. Една лекција од минатото може да ви биде од голема корист.
Девица
Резултатите од вашата работа ќе почнат да пристигнуваат. Исто така заборавете на малодушноста и стравот. Работите ќе станат интересни околу среда. Животот ќе ви изгледа многу попозитивен и ќе бидете подготвен за радикални промени.
Вага
Понеделникот со себе носи уживање но и работа- обидете се да направите баланс. Знаете дека секогаш ќе бидете наградени за вашата работа. Четврток е одличен ден за шопинг. Викендот ви носи нова авантура.
Шкорпија
На вашиот живот му недостига возбудување, работите драстично ќе се менуваат. Што се однесува до љубовта- работите ќе станат подобри од вторник. Генерално цела недела ќе мине во знакот на емоциите. Чувајте се од бурни реакции.
Стрелец
Понеделник минува во знак на размена на идеи и искуства. Ќе бидете во прилика да дознаете работи кои одамна ве интересирале. Немојте никој да осудувате. Среда ќе мине во знакот на комуникацијата. Во четврток ќе се најдете во непријатна ситуација.

Јарец
Едноставноста е клуч за успех. Во вторник вашето темпо ќе се забрза и ќе имате многу обврски. Обидете се добро да се организирате. За викенд ќе ви биде потребен одмор. Ќе го добиете во својот дом и со луѓето кои ги сакате.
Водолија
Вашата енергија во комбинација со шармот ќе доминираат оваа недела. Може да донесете некоја неочекувана одлука и да направите нешто непредвидливо. Внимавајте подоцна да не зажалите поради тоа. Кон крајот на неделата ќе ви се врати изгубениот мир. За викенд најдете начин да се изразите.
Риби
Во понеделник бидете доследни и следете ја добро ситуација. Во вторник и среда ќе бидете особено креативни. Не ги искажувајте емоциите пред секого, затоа што подоцна ќе зажалите. Водете грижа да не претерате. Научете се да се контролирате.Овен
Идејата која некој ќе ви ја предложи во понеделник, внимателно разгледајте ја и почекајте. Тоа не е поволен ден за но

Пронајдете не на следниве мрежи: