Вашиот неделен хороскоп!Овен
Нека оваа недела семејството ви биде на прво место! Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување, покажете повеќе дискреција во различните ситуации и пред новите емотивни случувања. Постои можност некој лесно да ги открие вашите тајни намери. Вашиот партнер е буден и ги забележува и прати вашите потези. Новите емотивни случувања може да ве зближат или да ве оддалечат од заедничките планови. Во недела заборавете на критикувањето.
Бик
Уште на почетокот на неделата ќе бидете многу инспирирани. Она на што можете сериозно да сметате е несебичната поддршка од пријателите. Наредниве денови ќе ги минете во дружење и забавни средби. Ако имате некои неостварени деловни цели, фрлете се веднаш на нивна реализација, само внимавајте да не преземете премногу обврски на својот грб. Петок е одличен за интелектуални разговори кои ќе преминат во флерт.
Близнаци
Мистеријата ќе биде насекаде околу вас оваа недела. Инсистирате на сопственото гледање на нештата во својата работна средина, а таквото однесување ќе резултира со конфликт со соработниците. Како и да е, полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа. Во семејниот живот сте склони кон погрешни процени, па затоа е најдобро да се вооружите со трпение. Викендот ќе помине со дора забава.
Повеќе на TZM.MKОвен
Нека оваа недела семејството ви биде на прво место! Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување, покажет