Неделен хороскоп за 09.02.-15.02.2015Овен
Нови случувања на работната сцена или нечие однесување може да ве успорат во спроведувањето на важни планови. Но, со дополнителна упорност ве очекува добар епилог во секој поглед. Успехот има релативно значење и толкување, поради тоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинско место или пред личност која има доволно слух за слични работни интереси.
Бик
Упорно ги браните своите професионални или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија на различни страни. Нема потреба да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на професионалните правила.
Близнаци
Имате направено погрешна службена-финансиска проценка така што ве очекуваат дополнителни компликации, но се може да се надмине на добар начин во договор со соработниците. Добро размислете на кој начин треба да ги сочувате своите професионални интереси. Важно е да се вратите на претходната позиција, бидете промислени нема потреба гласно да зборувате за своите професионални намери.
Рак
Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш службените работи неочекувано излегуваат од строга контрола. Се обидувате да усогласите различни интереси и да оставите добар впечаток на својата околина. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат помеѓу соработниците.
Лав
Добро сте информирани за новите можности на работната сцена и важно ви е да остварите низа на значјани цели. Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во службените-финансиски преговори. Потребно е да ја придобиете нечија доверба, ве очекуваат и бројни повластици во односот со соработниците
Девица
Посветете внимание на нови професионални можности, како би ги прошириле своето сознание и искуство во разлини области. Нема причина да се залажувате како моменталните резултати се вашиот професионален максимум. Ако премногу се опуштите и препуштите работите самите да одат во својот тек, некој друг може да ве потисне од „првите работни редови“.
Вага
Се однесувате многу амбициозно и неприканото ги проширувате своите професионални интересирања, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателни во комуникацијата со службените партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации или неразбирања на правилата во заедничкото работење донесува нови комликации. Некој може да ги реши вашите финансиски дилеми.
Скорпија
Се имате припремано за серија на нови случувања на работната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја имаат изневерено вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи работни амбиции. Во финансиска смисла добивата нечија поддршка. Проширете ги своите службени контакти во различни правци и преземете дополнителна инцијатива во согласност со актуелните случувања.
Стрелец
Се наоѓате во сјајна можност да влијаете на одредени услови или на нов тек на случувањата на работната сцена. Важно е да го сочувате добриот работен рејтинг и да оправдате нечија доверба. Размислете за промена на досегашните критериуми, не дозволувајте некој да диктира одредени услови, приоритети или статусна позиција.
Јарец
Делувате активно на различни страни и имате доволно самодоверба, што претставува добар предуслов за понатамшен професионален напредок. Умеете вешто да искомбинирате практични решенија со расположението на своите соработници и да остварите заеднички интереси. Бидете умерени при финансиските инвестиции.
Водолија
Барате најдобар начин да одоговорите на нечиј барања и да ги сочувате своите професионални интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои службени-финансиски договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошниот тек на случувања. Не дозволувајте мала загуба во материјална смисла да ве обесхрабри. Мудро почекајте на подобри услови
Риби
Се наоѓате во креативна фаза на творечки можности, ви се нуди нова можност да остварите професионален-финансиски успех или да напредувате на статусната летвица. Интересни идеи и работни понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги.Овен
Нови случувања на работната сцена или нечие однесување може да ве успорат во спроведувањето на важни планови. Но, со