Неделен хороскоп за 09.03-15.03.2015

Неделен хороскоп за 09.03-15.03.2015Овен
Во достоинствен стил и без премногу прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите преодни компромиси кои не се во согласност со вашите морални начела, сега е доцна да ги корегирате своите пропусти или да менувате работна стратегија. 
Бик
Во некои неочекувани случувања или во необични ситуации на работната сцена, мора да делувате многу трезвено. Во состојба на резигнација можна е погрешна ориентација или да создадете негативна тензија помеѓу соработниците. Понекогаш постојат проблеми кои бараат фаза на креативна инкубација, пред да искристализирате добра одлука и позитивно решение.
Близнаци
Поттикнати сте со нечија приказна за службена соработка, ве привлекува идеја за нови професионални можности, различни повлстици или општествен престиж. Вашите идеи се вклопуваат во заедничките интереси, така што соработниците со доверба препуштаат „водечка улога“. На многу успешен или ефикасен начин, можете да завршите низа на службени договори на различни страни. 

 
Рак
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и имате многу амбициозни работни планови. Со одредена доза на мудрост и со добро осмислени потези, лесно можете да ги остварите своите професионални намери. Не криете дека имате големи барања во секој поглед. Добрата проценка на работните можности со организираност и прецизност донесува нови успеси.
Лав
Делувате многу енергично во ситуаци кога ги браните своите работни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се посветите на детална анализа на случувањата. Постојат различни фази за можностите во службените преговори. Важно е рационално да ја користите својата енергија и време. Непотребна расправа и задржување на вишокот на детали можат да ве одалечат од главните цели. 
Девица
Ве прати чувство на неизвесност во проценката на новите случувања на работната сцена, но потребно е активно да учествувате во различни преговори. Не криете дека вашите очекувања се големи, меѓутоа приметувате дека соработниците често го менуваат своето мислење или ставови. Потпрете се на својот практичен дух и на способноста за аналитичко расудување. 

 
Вага
Важно ви е да бидете забележани во работните кругови, поради тоа смислено испробувате нови стратешки потези. Но се има своја цена или разумна граница, до која ви е дозволено да импровизирате со своите оргинални идеи. Внимателно анализирајте ги своите соработници и прифатете добар совет, важно е да го споите она што е пријатно со некое корисно или практично решение. 
Скорпија
Благодарејќи на добрите ваштини на преговарање и прилагодување успевате да се вклопите во различни службени договори. Имате добро претчувство кога треба да поттикнете поголема акција и на основа на својата интуиција да донесете исправна одлука. Во договор со соработниците на лесен начин можете да ги остварите своите интереси.
Стрелец
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле својата позиција во односот со останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење или способности. Сепак, вашата блиц интилигенција и снаодливост во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти. 

 
Јарец
Неочекувани промени или нови случувања на работната сцена го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но во свој типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате од зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколни ефикасни решенија. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба.
Водолија
Се обидувате да промените некои воспоставени правила кои владеат на работната сцена, но приметувате извесно неодобрување. Околината не е заинтересирана да ги поддржи вашите современи идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите професионални-финансиски намери во различни правци. 
Риби
Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите сознајни видици. Различни работни можности делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете ги своите интересирања кон корисни цели. Важно е да го прилагодите својот професионален стил и вредносни критериуми согласно заедничките интереси. Овен
Во достоинствен стил и без премногу прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои не ви се допаѓаат.

Пронајдете не на следниве мрежи: