Неделен хороскоп за 16.02-22.02.2015….Овен
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле сцојата позоција во однос на останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење или способности. Сепак, вашата блиц интелигенција и снаодливост во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти.
Бик
Неочекувани промени или нови случувања на работната сцена ви го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но во својот типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате до зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколни и ефикасни решенија. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба.
Близнаци
Се обидувате да промените некои востпоставени правила кои владеат на работната сцена, но приметувате извесно негодување. Околината не е заинтересирани да ги поддржи вашите современи идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите професионални-финансиски намери во различни правци.
Рак
Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите сознајни погледи. Различни работни можности делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете ги своите итнересирања кон корисни цели. Важно е да го прилагодувате својот професионален стил и вредносни критериуми кон заедничките интереси. Кога се преклопуваат вашата добра волја и творечка енергија, тоа донесува посебен ефект.
Лав
Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите проодни компромиси кои не се во согласност со вашите морални начела, сега е доцна да ги корегирате своите пропусти или да менувате работна стратегија.
Девица
Нови случувања на работната сцена внесуваат дополнителна тензија во вашето опкружување, но вие не сакате да учествувате во јавни расправи. Мудро спроведувајте ги вашите работни планови и вешто балансирајте помеѓу соработниците кои имаат поинакви работни критериуми и ставови. Сепак, преголемиот број на обврски и латентната психичка тензија ќе дејствуваат исцрпувачко на вашата здравствена состојба.
Вага
Понекогаш е тешко да се препознае добитната комбинација и сигурните соработници во различни ситуации на работната сцена. Професионалната неодлучност може да ви создаде дополнителна непријатност на полето на комуникацијата или нова финансиска загуба. Важно е да реагирате во вистински момент. Не се однесувајте импулсивно, стрпливо почекајте на површина да испливаат вистинските вредности.
Скорпија
Ќе ви значи многу околината да го вреднува вашето знаење или професионални способности. Но, постојат различни фактори кои влијаат на неочекувани промени на работната сцена или на завршните резултати. Потрудете се правилно да ги исполнете своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основно мерило на вредноста.
Стрелец
Професионалните-работни планови кои упорно се обидувате да ги реализирате, не ги донесуваат очекуваните резултати и саканиот ефект. Моментално минувате низ различни фази на творечки подеми и падови, но тоа не треба дополнително да ве осуети. Доколку сакате опкружувањето да го убедите дека поседувате практично знаење и интелектуални способности, бидете доволно истрајни во своите цели.
Јарец
Ќе ви значи да го подобрите својот однос со соработниците, но често постојат одредени недоразбирања и ве прати неусогласеност во проценката на заедничките интереси. Потребна ви е дипломатска нота и умереност, како би ги смириле различните спротивности кои постојат во службените преговори. Посветете повеќе внимание на решавањето на некои актуелни проблеми и финансиски сметки.
Водолија
Неочекувани промени на работната сцена делуваат како дополнителен психолошки притисок и бараат да донесете нови или мудри одлуки. Во ваш интерес е да ги сочувате важните професионални односно службени контакти. Со тоа, прифатете работна понуда која ветува заначајна добивка или перспективна реклама. Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни.
Риби
Се наоѓате под психолошки притисок, добро ја проценете комплетната ситуација на професионалната – работна сцена и различните можности кои ви стојат на располагање. Важно е да ги сочувате добрите критериуми при средба со соработниците и изборот на работните цели. Долгорочниот успех подразбира вистинска процена на вредностите и почитување на заедничките одлуки.Овен
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле