Неделен хороскоп за 25.11.2013-01.12.2013

Вашиот неделен хороскоп…Овен
Ве очекува напредување во кариерата, уште на самиот почеток на неделата. Ќе увидите нешто што досега не сте успеале. Ќе успеете да решите проблем кој досега многу ви создаваше маки. Вашиот шарм особено ќе биде изразен во вторник среда. Јасно кажете што чувствувате. 
Бик
Во понеделник внимавајте на сообраќајот. Вторник носи нови симпатии и генерално нови промени на љубовен план. Не ги повторувајте грешките од минатото. Од вторник па до петок ќе имате фантастчни идеи. Една од нив може да се однесува на деловен проект. За викендот поработете на личен развој и едукација.
Близнаци
Бидете практични во понеделник, конечно ќе успеете животот да си го ставите во ред. Во вторник и среда водете сметка да не дојде до конфликт со личност која многу ви значи. Во петок ќе треба да ги употребите сите средства за да не дојде до катастрофа.

 
Рак
Во понеделник ќе ги критикувате другите луѓе. Дадете се од себе да се воздржите од негативни коментари. Викендот ве очекува деловна шанса, обидете се да ја искористите затоа што ќе се искачите повисоко отколку што сте сега. Недела е одличен ден за љубов. Ќе ви се случи нешто незаборавно. Уживајте.
Лав
На почетокот на неделата ќе бидете исклучително шармантни. Ретко кој може да и одолее на вашата насмевка. Во втората половина на неделата може да се јават здравствени проблеми. Останете позитивни, таквиот став е лек за се. Викеднот е одлично време да поработите на своите лоши навики.

 
Девица
Вашиот мозок во понеделник ќе биде поостар од вообичаеното, а со самото тоа и вашите зборови.  Искористете ја предноста која ја имате над другите луѓе и надмудрете ги. Кон средината на неделата ве очекува вртоглава забава и неодговорност. Уживајте додека можете. Викендот е одличен за некој кој ви е близок на вам.
Вага
Неделата започнете ја со насмевка. Иако нема да ги рештите сите проблеми, секако ќе привлечет позитвни луѓе крај себе. Во среда и четврток ќе бидете зафатени со еден личен проект. Вашиот најголем непријател е досадата. Но, викендот ви носи се освен досада.
Шкорпија
Во понеделник ќе водите грижа за финансиите. Но, нема да бидете под стрес. Средината на неделата ќе помине во знакот на љубовта. Ве очекува изненадување. Било да е од вашиот партнер или од некоја личност која ви е наклонета. За викенд ќе имате дополнителни задачи/
Стрелец
Оваа недела ќе се обидувате да ги рализирате вашите замисли . Ќе сакате да напредувате и да постигнете успех многу брзо. Но, не се грижете. Се на крај ќе се заврши позитивно. Можно е некој пријател од кого сте очекувале помош да ве остави „на цедило“. За викенд ќе биде решен семејниот проблем кој ве мачи со години.

 
Јарец
Настојувајте да останете сталожени на почетокот на неделата. Не постои причина да ги губите нервите поради неважни работи. Работите ќе се подобрат од среда, особено кога е во прашање љубовниот живот. Постои голема шанса да откриете дека поседувате силни емоции кон некој што е постојано до вас. За викенд ќе бидете подготвени за промени од секој вид.
Водолија
На самиот почеток на неделата, до вас ќе дојде важна информација. Внимателно размислете што ќе направите со неа. Во вторник следат позитивни промени во деловното опкружување. Вести од странство очекувајте во среда. На семејството посветете му се во петок. Не би било лошо за време на викендот да организирате дружење со ваши драги личности.
Риби
Во понеделник најважно е да не носите брзи одлуки. Избегнувајте стресни ситуации кои  ќе ви ја одземаат енергијата. Работите ќе дојдат на место кон средината на неделата. Четврток е одличен за кратко патување. Во петок прифатете совет. Овен
Ве очекува напредување во кариерата, уште на самиот почеток на неделата. Ќе увидите нешто што досега не сте успеале.

Пронајдете не на следниве мрежи: