Неделен хороскоп за 28.04.2014- 04.05.2014

Проверете што ве очекува оваа недела…Овен
Обидете се да ги усогласите мислите и емоциите во понеделник и вторник. Со вашата вродена смисла за хармонија, ќе бидете во можност да развиете некои навистина креативни и необични идеи. На професионален и љубовен план се е во најдобар ред. Доколку се почувствувате изгубено во среда или четврток, не очајувајте. Размислете каде се наоѓа вистинскиот извор на вашата анксиозност. Некои неопходни припреми и средувања направете ги најкасно до петок, како викендот би го поминале на работи кои ве опуштаат. Мал совет: за најдобри резултати направете нешто што остапува од вашето вообичаено однесување.
Бик
На самиот почеток на неделата, најдете време да размислите за вашата иднина. Ова е посебно важно поради тоа што вашата  моментална ситуација не ветува многу позитивно. Можеби дојде време да го промените професионалното опкружување, па деновите кои се пред вас искористете ги дополнително да се информирате по тоа прашање. Не се сомневајте во себе и своите квалитети. Во среда најдете време за едно добро дело. Обрнете се околу себе и видете на кого му е потребна помош. Во четврток би можело да научите една важна животна лекција. Викендот ќе ви биде исполнет со позитивна енергија и креативноста ќе ви биде врвна. Посветте се на личните интереси.
Близнаци
Ќе имате изразена потреба за другите луѓе и за разговори, и тоа веќе во понеделник и вторник. Потребен ви е совет во врска со некои семејни прашања, но не барајте го тоа апсолутно од секого. Обратете се на оние во кои имате доверба. Во среда посветете се на здравјето и физичката кондиција. Ви се препорачува долга прошетка во природа или во блискиот парк. Ако последните денови сте размислувале за набавување на домашен љубимец, во петок би можело да донесете дефинитивна одлука и да си го дозволите. Распрашајте се во вашиот крај дали на некого му е потребна помош. Со обзир на вишокот на енергија кој можете да го очекувате за викенд, можете да го искористите за племенити цели.
Рак
Тешко ви е да поднесете гужва? Сочете се со неа во понеделник и вторник и немојте да ги губите живците. Колку и ситуацијата да ви делува нерешливо, сепак не е така. Во среда и четврток ќе бидете предизвикани да поставите приоритети во животот. Дали ќе се определите за работата? Или за партнерот? Најдобро е да направите баланс и да не бидете исклучиви, што и да е во прашање. Фанатизмот не донесува позитивни решенија. Викендот ќе биде преполн со друштвени случувања. Бидете секаде присутни, насмеани и остварувајте контакти кои ќе ви помогнат да напредувате во кариерате.

Лав
Во понеделник ќе добиете сила и моќ од својот партнер. Вие генерално добро се надополнувате и кога работите нешто заедно постигнувате најголем успех. Неделата пред вас е исклучително поволна кога љубовта е во прашање. Нови врски, како и стари, ќе бидат полни со емоции и љубов. Во среда и четврток ќе ви биде потребно некое време да поминете сами. Немојте да се стегате да си го допуштите тоа на себе. Времето поминато во мир и тишина ќе ви помогне да се опуштите и да размислувате за значајни работи во животот. За викендот ве очекува интересен повик. Тоа може да биде некоај бивша љубов или стар пријател. Во секој случај, ќе бидете пријатно изненадени.
Девица
Вие константно нешто очекувате. Тоа може да биде фрустрирачко и лошо да влијае на вас и на вашето расположение. Време е да престанете да ги осудувате другите луѓе, ако не работат онака како што вие сакате. Опуштете се и отворете го сопственото срце. Во вас се мноштво емоции, али често сте толку оптеретени да не им дозволувате да испливаат на површина. Во среда и четврток ве очекува прилив на позитивна енергија. Што и да земете да работите, било да е во прашање работата или приватниот живот, ќе ви оди од рака. Викендот поминете го во друштво. Самотијата не е на никој пријатна. Повикајте гости на вечера или одете во ноќен провод.
Вага
Слободно кажете не, доколу тоа го сакате! Во понеделник и вторник некој напорен и многу упорен ќе ве наговара, инсистира или ќе ве тера да работите работи кои не сакате да ги правите. Не дозволувајте проблемите на работата негативно да влијаат на вашиот приватен живот. Многу е важно да останете силни и дипломати. Во среда и четврток ќе биде посебно важно на луѓето да и ставете до знаење каде им се границите кога е во прашање однесувањето кон вас. За викенд посветете се на семејството. Направете убав ручек или заедно одете некаде во природа. Така ќе се опуштите и ќе ги заборавите сите напорни денови кои се позади вас.
Скорпија
Во понеделник и вторник ќе бидете мрзеливи и незаинтересирани за поголемиот дел од работите во животот. Меѓутоа, ова не е поволен момент за препуштање и паѓање во очај. Натерајте се себеси да се раздвижите и своите обврски да ги завршите до крај. Било да станува збор за работата и љубовните односи, бидете свесни дека на тој начин ќе спречите низа на компликации и проблеми. Во среда и четврток ве очекува изненадна финансиска добивка. Од петок до недела ќе имате прилив на позитивна енергија и сила и ќе ви тргне од рака со се што ќе се зафатите. Искористете го ова за врската со личност до која ви е дојдено.

Стрелец
Доколку работните обврски ви се чинат неверојатно обемни уште на самиот почеток на неделата, нема причина за грижа, бидејќи во вторник ќе имате време за своите потреби. Вторник е, исто така, прилично погоден за одење во шопинг или за преуредување  на животниот простор. Во среда поведете сметка за здравјето – чувајте се од падови. Во четврток би било пожелно да ја вратите разнишаната самодоверба, посебно кога е во прашање еден емотивен однос. Вие заслужувате многу повеќе. Во недела посветете се на семејството и на некои семејни прашања.
Јарец
Во почетокот на неделата ќе бидете потполно запалени. Страсти ќе пламтат на сите страни, па вашата сакана личност нема да знае како да ви одговори на толку големата количина на емоции и енергија. Водете сметка до средината на неделата да се смирите, како не би доживеале да луѓето околу вас почат да ве доживуваат како премногу напорни. Во среда и четврток бидете кротки и благи. Можно е да дојде до расправии со членовите на семејството. Немојте да влегувате во оган, туку попуштете. Најдобриот начин да ја надминете тешката ситуација во која може да се најдете во текот на викендот е да пуштите работите да се решаваат сами од себе.
Водолија
Не морате по секоја цена да се сложувате со нечие мислење. Имате право на сопствено и недозволувајте да ве наговорат на нешто што не ви се допаќа. Во вторник поминете некое време со луѓето кои имаат сличен став за животот како и вие. Добро ќе ви дојде размената на искуства. Некои семејни прашања ќе мора да се разгледаат во среда. Во четврток ќе се сретнете со некои работни предизвици, но успешо ќе ги решите најдоцна до петок. Ќе чувствувате голема сатисфакција, а нема да изостане и пофалбата на претпоставените. Во сабота најдете веме за одмор и саканиот(ата).
Риби
Што е тоа што ви е најголем приоритет во овој момент? Што е тоа шти ви е најважно? Посветете се на тие работи уште на самиот почеток на неделата. Ако барате некоја љубов, ова е идеален период да запознаете некого кој би можел да ве заинтересира. Бидете свесни за вашите желби и можности и за вас ништо нема да биде недостижно. Во среда и четврток  ќе се најдете во друштво на некои навистина интересни луѓе. Слушнете што имаат да кажат и тие. Кога работата е во прашање, во четврток ќе мора да направите некои компромиси. Интересирање за личниот живот и пријателите покажете најкасно до петок. Викендот е погоден за опуштање.
Извор:republika.mkОвен
Обидете се да ги усогласите мислите и емоциите во понеделник и вторник. Со вашата вродена смисла за хармонија, ќе бидете во можност да

Пронајдете не на следниве мрежи: