Неделен хороскоп

Loading...

Овен
Чувствувате недостаток на креативност, потребно е со него да најдете компромисно решение, но имате чувство дека тоа не ви е од полза. Предност им давате на работите кои може да ги завршите за краток временски период и за кои нема да ви треба  помош од други. Нов емотивен контакт или динамичен однос со партнерот. Вашиот партнер ги исполнува вашите очекувања. Не можете да им одолеете на новите предизвици во љубовта.
Бик
Важно ви е околината да ги прифати вашите нови решенија или современи идеи, кои позитивно ќе влијаат на деловната сцена. Енергичноста со која ги извршувате зададените задачи ја збунува околината и тоа го толкуваат на различни начини. Постојат соработници кои го одобруваат вашиот успех, но и такви  на кои тоа им пречи. Со голема упорност го одбегнувате зборувањето за своите емоции пред личноста која сака да ве заведе. Без оглед на „емотивните бариери“ кои ги поставувате сепак нема да одолеете на предизвикот. Партнерот знае на кој начин да го добие вашето внимание.
Близнаци
Новите случувања на работното место бараат дополнително внимание, исто така ве вознемирува финансиската неизвесност. Сакате својата енергија и  знаење да ги инвестирате за корисни цели. Потребно е да го сочувате соработничкото расположение  за да ги остварите вашите деловни визии.  Обидете се да го промените односот со партнерот. Имате чувство дека постојано зборувате за исти теми. За жал ви следи негативен емотивен дијалог со блиска личност. Работите кои за вас изгледаат јасно и прифатливо кај вашиот партнер предизвикуваат спротивен ефект.
Рак
Превземавте голема одговорност, со намера позитивно да влијаете на сите важни аспекти во деловно-финансиските преговори.  Забележувате дека соработниците внимателно ве следат и ги оценуваат вашите ангажмани. Но, вие сте неуморни и имате доволно енергија да се справите со различните проблеми.  Доволно сте разумни за да ја сочувате вашата работна позиција. Во љубовниот живот не настануват промените кон кој целите, но вие сте упорни и не се откажувате лесно. Доколку на моменти вашиот партнер ви изгледа „сомнитлно“ немојте да дозволите работите да одат предалеку.  Важно ви е да ја изразите вашата емотивна и заводлива страна на вашата  личноста пред партнерот.
Лав
Делувате многу енергично , важно ви е да го забрзате деловниот ритам. Кога и да ви се појави работна приклика го избирате полесното или поедноставното решение.  Сепак постојат околности кои не зависат од вашата волја. Важно е да сочувате дополнителна мерка на претпазливост и дискретност во љубовниот живот, понекогаш првиот впечаток знае да излаже. Работите изгледаат поинкау кога се разгледуваат субјективно и пристрасно. Усогласете ги своите желби и можности во однос со расположението на партнерот.
Девица
Со добар избор на соработници може да ги остварите своите цели на деловен план.  Понекогаш потребно е да дејствувате енергично на деловен план. Не дозволувајте некој да ви презентира погрешни информации, кој може да ве наведат на лош  деловен чекор. Во ваш интерес е да ја сочувате добрата работна позиција. Со своите препознатливи манири умеете да ги освоите симпатиите на различни страни.  Кога сте добро расположени , имате впечаток дека на вас ви се достапни различни привилеги и се обидувате да доминирате над партнерот. Ве привлекува некоја необична авантура. Партнерот или личноста која ви се допаѓа, не може да одолее на вашиот заводлив шарм.
Вага
Важно ви е да ги остварите заедничките интереси, но и да го промените веќе постоечкиот работен поредок. Нема причина да посветувате внимание на споредни ситуации кои ви ја одземаат енергијата или времето. Вашата креативност доаѓа до израз во ситуации кога други веќе ја изгубиле волјата. Често на субјективен начин и неправедно го проценувате однесувањето на партнерот. Имате впечаток дека вам некој ви го скратува емотивното задоволство. Доколку сте млади или слободни ве очекува нова љубовна врска.
Шкорпија
Важно ви е да остварите добри работни резултати. Ангажирани сте на различни страни и со големи амбиции договарате нови работни средби. Во друштво со соработниците се обидувате да се  наметнете како личност со авторитет и со оргинален стил на изразување. Понекогаш не е лесно да остварите емотивна хармонија, имате впечаток дека полека се одалечувате од саканата личност. Чувствувате емотивна тензија, но не сакате некој друг да ги решава вашите љубовни дилеми. Љубовната среќа е можна доколку верувате во можноста за компромис и прилагодување.
Стрелец
Поминувате низ различни фази на расположение, понекогаш ви недостига добра волја детално да ги објасните вашите намери или да дебатирате со соработниците кои имаат спротивен став од вашиот. Важно е рационално да ја користите вашата енергија. Споредните работи оставете ги за  некоја подобра прилика.  Ви  годи вниманието кое некој ви го посветува. Неговите постапки ве инспирираат за нови емотивни фантазии. Тенка е границата помеѓу спојување и разделување во љубовта, не можете да останете смирени покрај новите предизвици. Сепак, сочувајте го доброто расположение.
Јарец
Потребни ви се додатни и прецизни информации за различните случувања на деловна сцена, за да ги остварите вашите долгорочни интереси. Немате доволно разбирање за нечии деловни пропусти. Важно ви е да обезбедите подобри услови кои ќе ви дозволат поголем авторитет и самостојност. Истрајни сте во своите намери во секој поглед. Со саканата личност имате нови несогласувања. Секогаш постојат работи околу кои можете да размислувате на сличен начин. Само добра волја и топла емотивна нота водат кон зближување.
Водолија
Важно ви е да ги разрешите различните дилеми на деловна сцена и истовремено да одговорите на нечии барања. Во склад со новите работни трендови потребни ви  се нови или ефикасни решенија. Комбинација од интуиција и пракса, претставува добар  модел и носи долгорочни работни ефекти. Порано или подоцна ќе морате да се соочите со вашите љубовни илузии. Додека несвесно се препуштате на емотивниот занес, партнерот или личноста која ви се допаѓа изненадно прави погрешни чекори. Понекогаш треба да се следи срцето, без разлика што вашиот  „ строгиот  глас на разумот“ или на некој ваши веќе утврдени правила не се во согласност со тоа. Важно е да ги ускладите вашите мисли и чувства.
Риба
Остваривте успешни резултати на различни полиња и горди сте на тоа. Деловниот успех го објаснувате со правилна проценка на деловните интерси и вашата добра организација. Многу околности се на ваша страна, но внимавајте  постојат различни мерила за успех. Важно ви е да ги остварите долгорочните цели. Изгледате многу привлечно и успевате да го употребите вашиот шарм во вистинските моменти. Не сакате да пропуштите ни еден момент од заедничката среќа со саканата личност.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Овен
Чувствувате недостаток на креативност, потребно е со него д

loading...