Фијаското на Зоран Заев на Сител ТВ некој требаше да го „испере“, а кој друг ако не дрската, арогантна со ниско ниво на комуникација Радмила Шеќеринска која вечерва гостуваше во вестите на Канал 5 Телевизија.Дрското и долно однесување на Радмила Шеќеринска која најверојатно, повторно по нарачка од странските амабсади, гостуваше на вестите на Канал 5 имаше задача да го „испере“ фијаското на Зоран Заев од вчерашното интервју на Сител ТВ, катастрофално пропадна.
Уште на самиот почеток, Богатинова изрази надеж за цивилизирано интервју во рамки на моралните и етички вредности, но такво барање упатено до Шеќеринска е барање упатено на празно, бидејќи ароганцијата на Радмила ги преминува сите морално-етички кодекси, и таа е дојдена да каже тоа што има да го каже, без разлика на прашањата и темите.
Очигледно беше дека и овој пат имаше нарачани прашања, нарачани теми и нарачани одговори. Нарачки кои најверојатно пристигнуваат од Амбасадите на Кале и кај НИП-от.
Наместо одговори на прашањата, Шеќеринска почна со навреди и омаловажување на медиумот во кој е гостин, избегнувајќи одговори на прашањата кои и ги поставуваше Богатинова со максимално смирен тон, наместо интервју, Шеќеринска реши дека треба да има момент на јавно одмаздување за катастрофата која ја доживеа Заев во Сител, па започна со паушални обвинувања како на пример ноторната глупост дека „10-годишното владеење на Груевски е причина за укинувањето на евтината струја“, и дека „некој заработува дебели пари од струјата“, а заборава да каже дека токму таа беше онаа која ја продаде ЕСМ, и ги вработи своите родители во ЕВН.
Наместо да одговори на прашањата на Богатинова за активностите на СДСМ на терен, таа реши да се одмаздува, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно што тие не биле на терен, односно затоа што телевизиите и медиумите не објавувале за нивните активности од терен. Заборава дека, освен МТВ и МИА во Македонија никој друг не е должен да објавува активности на било кога, па дури и тоа да е Шеќеринска или СДСМ. Медиумите се приватни, комерцијални и го објавуваат само она за што сметаат дека ќе им ја зголеми гледаноста или читаноста. Но, СДСМ и Шеќеринска се научени да наредуваат, да бараат, да кажуваат кој што да прави, и сегашната состојба им е несватлива.
Заборави да каже, зошто зема кирија од 5.600 евра за станот во кој таа и нејзиниот сопруг живее, и дополнителна од станот во Охрид во вредност од 860 евра.
Единствено нешто што таа можеше да го каже и со тоа да ја афирмира нејзината и онака оскудна политичка кариера, е дека додека таа била на власт со СДСМ Македонија добила кандидат за членство во ЕУ, но заборави да каже по која цена.
Како што и самата потврди, само три години по завршувањето на воениот конфликт, Македонија стана земја кандидат за членство во ЕУ, но цената за тоа е онаа која ја плаќаме денес. Тогаш, во 2004 година, Бранко Црвенковски потпиша договор со владата на САД за непречен пристап до комуникациите во Македонија со што даде отворено право САД да ги прислушува граѓаните на Македонија но и на цел Балкан, бидејќи комуникациските кабли поминуваат низ Македонија. Заборави да спомене, дека Македонија практично стана протекторат откако Бранко Црвенковски се согласи на легализирање на нелегалниот претстој на 150.000 косовари (бегалци) чии гласови тој ги стави на неговото конто и нелегитимо беше избран за Претседател.
Заборави Радмила да каже која е цената на добивање на кандидат за членство на Македонија во ЕУ. Како на пример, расформирањето на елитните специјални безбедносни единици Лавови, кои беа напаѓани, тепани, затварани и убивани. Беа навредувани дека се „животинско царство“ за на крајот и комплетно да бидат растурени, само со една цел, ослабување на безбедносниот систем на Македонија. Заборави да каже дека Македонија стана протекторат поради укинувањето на задолжителниот воен рок и уништувањето на воената опрема на АРМ (тенкови, авиони, лесно и тешко вооружување).
Всушност, се што може да каже Радмила Шеќеринска е дека благодарение на владата на СДСМ по 2001 година, е дека Македонија добила статус на кандидат за член во ЕУ како награда за украдените тенковски делови, расформирањето на безбедносниот систем, дозволата за прислушување на Македонските граѓани, за продажбата на ЕСМ, за вдомувањето на 150.000 косовари. Тоа е наследството на Шеќеринска и СДСМ.Дрското и долно однесување на Радмила Шеќеринска која најверојатно, повторно по нарачка од странските амабсади, гостуваше на вестите на Канал 5 има