Недостатокот на цинк во организмот може сериозно да го наруши здравјето

Недостатокот на цинк може да доведе до побрзо стареење и до влошување на влијанието на стресот врз нашето здравје.Зошто цинкот е важен, како да знаеме дали страдаме од недостиг на овој така потребен минерал и кои се придобивките за здравјето кои ги носи. Научете сè што е потребно за цинкот!
Цинкот е еден од најважните минерали. Цинк има во секоја клетка во нашиот организам и тој учествува во клеточната фисија. Цинкот е силен антиоксидант и клучен елемент за одржување на правилните нивоа на хормоните во телото.
Недостатокот на цинк може да доведе до неплодност и кај мажите и кај жените, како и до ниско либидо. Недостатокот на цинк ,исто така може да доведе до побрзо стареење и да го влоши ефектот кој стресот го има врз здравјето (недостаток на спиење, проблеми со нервите и крвниот притисок).
Покрај тоа, цинкот е важен минерал за да бидеме енергични и во целосно добра физичка состојба. Цинкот, исто така влијае на синтезата на протеини во телото, а протеинот е важен за правилно функционирање на црвените и белите крвни зрнца.
Како да препознаете дека страдате од недостиг на цинк?
Има лесен начин да дознаете дека имате недостиг на цинк. Еве неколку „симптоми“ кои се индикатор за недостаток на цинк. При недостиг на цинк, луѓето доживуваат необичен и засилен апетит кон многу слатки и многу солена храна. Други симптоми на недостаток на цинк се:
– Постојан замор
– Слаб имунитет
– Проблеми со концентрацијата и меморијата
– Тинитус (ѕуење во ушите)
– Невообичаено бледа кожа
– Низок крвен притисок
– Дијареа
– Косопад
– Бели дамки под ноктите на рацете
– Невообичаен недостаток на апетит
Извори на цинк
Месо, остриги, репка, грашок, бадеми, семе од тиква, ѓумбир.
За што е потребен
Цинкот е одличен антиоксиданс и му помага на телото да се прочисти од тешките метали. Акумулацијата на тешки метали во ткивата ги оштетува и го спречува нормалното функционирање на мозокот во долг рок. Се смета дека оптималните нивоа на цинк во телото можат да го спречат многу болести, како што е и Алцхајмеровата.
За подобро расположение
Производството на допамин делумно зависи од нивото на цинк во телото. Допаминот е одговорен за доброто расположение, како и за тоа колку енергично се чувствуваме. Ново истражување во САД ја докажува врската помеѓу ниските нивоа на цинк и депресијата – кај жените повеќе, отколку кај мажите.
За подобар сон
Цинкот игра важна улога за функционирањето на невротрансмитерите и ја одржува нашата способност да разбираме дадена информација и да ја зачуваме. Цинкот е клучен за размената на мелатонин – хормон за спиење.
За здрава и убава кожа
Цинкот е еден од најважните минерали за производството на колаген, сврзно ткиво, клучен е за обновување на здравиот и млад изглед на кожата. Цинкот, исто така игра важна улога во исцелувањето на хронични инфекции. Една таква е и егзема, појавата која се поврзува главно со недостатокот на цинк во телото. Цинкот, исто така го контролира нивото на тестостерон во крвта, кој игра важна улога во појавата на акни.
За брзо справување со настинка
Цинкот е минерал кој ќе ви помогне при настинка и грип. Тој ќе го намали времетраењето на болеста и ќе ги намали симптомите. Зошто цинкот е важен, како да знаеме дали страдаме од недостиг на овој така потребен минерал и кои се придобивките за здравјето кои ги носи. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: