Нека каже Бранко Црвенковски како го набавија новиот авион, и дали ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на нешто што и требаше на државата!

Набавката на безбедносен блиндиран автомобил беше неопходно за Република Македонија да може да пречека висока странска делегација, чии безбедносни протоколи не ги одобруваа старите автомобили што ги имаше државата и изнајмуваа блиндирани автомобили од странство, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, во гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.Секоја држава има блиндирани возила за да ги заштити личностите на високи позиции од напади или атентати, но и за во нив да ги пречекаат високите дипломатски гости што ќе дојдат на посета и тоа е нормално во секоја држава, додаде лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Груевски појасни дека постојните стари возила често се расипувале при што нивната поправка чинела повеќе отколку набавката ново возило.
-Возилото се расипуваше, посебно на патувањата надвор од Скопје. Најмалку 5-6 пати не оставаше на сред пат, па ме префрлаат во друго возило, обично кое не е блиндирано, па носат кај треба. Потоа во наредните 15 дена чекаме дел, бидејќи нема за тоа возило, бидејќи не се произведуваат, па мора да не нарачуваат од фабриката. Што е најтрагично, поправките чинат помеѓу 4-5.000 евра, па дури и до 25.000 евра. Кога имате толку често имате такви дефекти, нормално е и од финансиски аспект да размислите да се купи ново возило, за да не се даваат пари за поправки.
Тој напомена дека и странците изнајмувале коли од соседните држави, бидејќи не сакале поради безбедност да се возат во нашите возила, а се разговараше дека може јас да се возам или било кој друг, за да не остане во гаража возилото.
-Јас до последен момент како Премиер се возев во старото блиндирано возило, освен кога одев на пат. Спорното возило се набави од Министерството за внатрешни работи со примарна цел во него да се возат високите странски високи делегации што доаѓаа во Македонија, за да не изнајмуваме возила од други држави. Единствен случај што сум го користел јас или некој друг министер е кога се одеше на пат за да се избегне опасноста старото возило да се расипе. Реално гледано, државата треба да има најмалку шест-седум такви возила, а ние до крај одолговлекувавме и на крај сепак, се одлучивме да набавиме барем едно такво возило за високи странски гости или евентуално за некој од Владата да оди на подолг пат– изјави Груевски.
Додаде дека законот предвидува дека при набавка блиндирани возила не е потребен тендер, но поранешната министерка за внатрешни работи сепак, одлучила дека е добро такво возило да се набави на тендер и тоа било направено.
Сега не обвинуваат дека имало некакви пропусти при набавката, но немаше ниту една забелешка, реакција или жалба од ниту една компанија учесник на тендерот ниту од некој друг. Тоа покажува дека немало никаков сериозен проблем. Потоа тоа се употребуваше од високи странски делегации или повремено од некој македонски функционер што одел на пат и сега за тоа треба сум повикан на суд – изјави Груевски во коментар за случајот „Тенк“ што го отвори СЈО.
 Секоја држава има блиндирани возила за да ги заштити личностите на високи позиции од напади или атентати, но и за во нив да ги пречекаат високите д

Пронајдете не на следниве мрежи: