Нека се најде на вашата посна трпеза за славите: ПОСНА РУСКА САЛАТА

Се надеваме дека оваа руска салата ќе се најде на вашата трпеза за празниците/Сите се обидуваат да воведат нешто ново во посната трпеза за славите. Руската салата не е ништо ново, но најчесто ја правите мрсна, со салама, кашкавал и сл. Е па сега, ние ви нудиме еден посен рецепт за руска салата.
Се надеваме ќе се најде на вашата трпеза за празниците:
Состојки:
400 гр туна конзерва
400 гр компир
400 гр морков
½ конзерва грашок
200 гр растителен кашкавал
неколку кисели краставички
200 гр шампињони
500 мл посен мајонез
Подготовка
Компирите се мијат, лупат и варат, а истото се прави и со морковите.
Грашокот се цеди, па се става со варениот компир, морков, туната, печурките и кашкавалот и киселите краставички во сад.
Се става сол и се меша, па се става дел од мајонезот и се остава салатата дваесетина минути во ладилник.
Пред сервирање се додава остатокот мајонез и убаво се промешува.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Сите се обидуваат да воведат нешто ново во посната трпеза за славите. Руската салата не е ништо ново, но најчесто ја правите мрсна, со салама, кашк

Пронајдете не на следниве мрежи: