Некои нешта не можат да се објаснат: 5 најчудни забележани кадри!

Благодарение на развиената технологија и достапноста на дигиталните уреди, сега е поедноставно да се забележат ретките моменти во животот. Освен тоа, можно е не само да се снимат такви моменти, туку и да се споделат со цел свет.Меѓутоа, некои од тие снимки содржат неверојатни и необјасниви кадри.
Ви ги донесуваме петте најмистериозни видео снимки:
Првиот случај е забележан во Русија и претставува момент кога на преполна крстосница одеднаш се појавува автомобил, а многумина тврдат дека е во прашање автомобил-дух.
Потоа, во промотивниот филм на Чарли Чаплин од 1928 година, се појавува жена која користи мобилен телефон. Некои сметаат дека жената на снимката слуша радио што го приближила до увото, но тоа не објаснува зошто истовремено и зборува.
Следна необјаснива случка е забележана во Америка, кога полицаец, во обид да запре автомобил што брзо се движел, можел само да биде сведок на неговото мистериозно исчезнување низ оградата!

Потоа, на 23. септември 2013 година, на Јутјуб се појави видео со црвени и сини правоаголници и со врескачки звук. Во текот на истиот ден, на Јутјуб се појавиле преку 300.000 идентични клипови.
Никој со сигурност не го знае значењето на тие снимки, ниту пак кој е WebdriverTorso.
Во текот на 2008 и 2011 година, се појавија снимки на кои се гледаат необични суштества кои бавно се движат. Имале само глави и долги нозе. Остана неразјаснато дали навистина станува збор за некои непознати суштества или само нечија шега.
Меѓутоа, некои од тие снимки содржат неверојатни и необјасниви кадри.
Ви ги донесуваме петте најмистериозни видео снимки:

Пронајдете не на следниве мрежи: