Денеска порталите блиски до опозицијата пласираа лага со која сакаа да го оцрнат образот на Директорот на Државната лотарија на Република Македонија, Владимир Бахчовановски.Порталот Доказ, ја пренесе веста во која стоеше дека Бахчовановски наводно предизвикал тепачка во кафе барот „Дежа ву“ во Капитол Мол, каде синоќа пееше српската поп-група Министарке.
Бахчованосвки остро ја негираше оваа бекрупулозна лага и најави дека неговиот адвокат ќе покрене случај поради ваквата клевета.
Сѐ уште е неразјаснето од каде им дошла ваква информација, со оглед на фактот дека во познатото скопско кафуле често можат да се сретнат познати лица од јавниот живот на Македонија кои едноставно сакаат да поминат убави моменти со пријателите, семејството или соработниците.
Дали со самото нивно присутво на место кадешто доаѓа до физичка пресметка треба да значи дека и тие директно се вмешани во таквите немили настани?
Доколку е тоа така, редакциите на многу опозициски портали ќе треба наскоро да почнат да измислуваат вести во кои ќе вмешуваат и познати актери, пејачи и други јавни личности со цел да ја спроведуваат агендата за оцрнување на имињата на лицата коишто не се нивни истомисленици.
„Демократскиот израз“ на ваквите квази-најави секако допринесува кон сознанието да се запрашаме што би било кога нивните главни спонзори би дошле на власт.
Кога веќе сега имаат начин да се дрзнат да измислат вакви лаги, немајќи во предвид дали со тоа ќе нарушат нечиј углед и образ, што ли ќе прават кога ќе почувствуваат повеќе моќ и ќе имаат одврзани раце за да плукаат кон нивните политички опоненти?
На официјалниот сајт на МВР стои следната објава:
„На 05.12.2015 година околу 01:30 часот во Скопје на бул. `Јане Сандански` поточно во угостителски објект во ТЦ Капитол Д.Ѓ. (37) без повод и причина бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица, по што истиот бил пренесен во ГОБ 18-ми Септември1 за укажување на лекарска помош каде му биле констатирани телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот“.
Со оглед на тоа дека нивните поддржувачи се синоним за вулгарност и некултурно однесување во јавноста, перјаниците на СДСМ се обидуваат на секаков можен начин и со употреба на бесмислици да си ја кренат цената.
Овој чин е за осуда и најавено е преземање на сериозни чекори за решавање на ваквите клевети и лажни обвинувања.Порталот Доказ, ја пренесе веста