Неколку модни трикови со кои ќе изгледате повисоки

Мили дами, мора да признаеме дека во животот, повеќето од нас сме имале моменти кога сме сонувале да бидеме повисоки за десет сантиметри, или барем пет.
Па, експертите ни даваат совети како визуелно “да пораснеме” со помош на неколку лесни трикови.
На прво место е ставот! Ништо не е поважно како за надворешниот изглед, така и за целокупната состојба на телото, од исправена фигура! Ако свесно се трудите да не се згрбавите, ќе имате многу придобивки – дури и такви за кои не ви ни паднало на памет. Ќе ви се подобри циркулацијата, работата на мозокот, работата на дигестивниот систем како и целокупниот тонус на организмот.

И, се разбира, можете да користите помош од модата. Најмногу издолжува облеката со вертикално риги. Исто така е препорачливо да облечете  фустан, наместо кратки шорцеви, кои не ги истакнуваат нозете во најдобро светло. Не облекувајте карирани парчиња облека или такви со хоризонтални риги, бидејќи тие ќе ве смалат оптички.
Нијансите се исто така важни. Ако маичката одозгора и панталоните ви се во иста боја, но во две различни нијанси, визуелно ќе ја промените висината. Високите потпетици веќе ви е познато дека ќе ве издолжат. А фризурата „коњско репче” може да е финален детаљ во корист на вашето “растење”.
Дефинитивно избегнувајте ги тапираните афро фризури.Мили дами, мора да признаеме дека во животот, повеќето од нас сме имале моменти кога сме сонувале да бидеме повисоки з

Пронајдете не на следниве мрежи: