Среќата не е готов производ, таа се креира од нашите активностиСите имаме денови во кои сме потполно демотивирани и апатични, меланхолични или едноставно без трошка волја да направиме нешто убаво и позитивно за себе или за најблиските. Има и денови во кои едноставно се будиме ентузијастични и ведри, но неколку мали неповолности комплетно ќе нè вовлечат во тмурно расположение. За волја на вистината, и нашите деца имаат вакви денови, со исклучок на тоа што нивното нерасположение знае да биде производ на за нас се чини банални поводи. Секој родител сака неговото дете да биде весело и безгрижно, да доживее нешто несекојдневно и убаво, па еве неколку лесни начини како да ги израдувате вашите деца во овие претпразнични денови.
ОДНЕСЕТЕ ГИ ВО ПРИРОДА
За децата е од суштинско значење да поминуваат време надвор, во природа, на лулашки на најблиското игралиште или каде било – надвор од дома. Децата што почесто играат надвор постигнуваат повисоки резултати на тестовите за концентрација и самодисциплина, имаат напредни моторички вештини, вклучувајќи координација, рамнотежа и агилност, но тие деца и поретко се разболуваат. Играњето надвор нуди повеќе различни начини на креативна игра, која поттикнува соработка меѓу децата, стимулира социјална интеракција и го елиминира силеџиството, поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Природата ги подобрува когнитивниот развој, размислувањето и набљудувањето и е вистински амортизер на влијанието на стресот врз децата.
ИНВОЛВИРАЈТЕ ГИ ВО ПРАЗНИЧНИТЕ ПОДГОТОВКИ
Речиси и не постои дете што не се радува креирајќи нешто интересно, а особено нешто со велигденска тема како еден од најомилените празници на децата. Овозможете му на вашето дете креативно да се изрази на Детските креативни работилници организирани во Скопје сити мол, заедно со „НВО Детски свет – Нов почеток“, каде што децата ќе бојадисуваат велигденски јајца и ќе изработуваат уникатни велигденски декорации, кои потоа ќе бидат изложени, а средствата од нивната продажба ќе се донираат за првиот кол-центар за помош на лица со попреченост во видот.
Детските креативни работилници за деца до 10 години ќе се одвиваат секој викенд од 12:00 до 14:00 и од 18:00 до 20:00 часот во Скопје сити мол на вториот кат и се извонредна можност да се поттикне потребата на децата да бидат креативни и да се стимулира нивното чувство за поддршка и помагање на заедницата.
ДОЗВОЛЕТЕ ИМ ДА МИЛУВААТ ЖИВОТНИ
Традиционалната домашна фарма во Скопје сити мол секогаш е катче на радост и смеа за најмалите посетители, од каде што ќе понесат најубави спомени. Атмосферата ја красат инспиративни велигденски декорации и автентична домашна фарма со игриви зајчиња и коковчиња, езерце со патки, кои дечињата ќе имаат можност да ги хранат и да ги милуваат. Поминете пријатно семејно време заедно со вашите малечки на оваа домашна фарма и израдувајте ги со дружење со питоми и мили животни, од каде што ќе понесат позитивни и весели искуства и сеќавања.
ПОВИКАЈТЕ ИМ ДРУШТВО
Освен нашето внимание и посветеност, на децата им требаат игра и искуства со деца од нивна возраст и деца со кои делат заеднички интереси. Истражувањата покажуваат дека позитивните животни искуства на децата што интензивно се дружат со други деца се основа за развој на одговорно однесување и креирање позитивни животни ставови, знаења, вештини и модели на однесување.
Играјќи со други деца, малечките учат да демонстрираат посветеност, емпатија и љубов, а другарувањето игра клучна улога во инспирацијата и поттикнувањето на децата на практично, неформално, самоиницијативно истражување и откривање на вредностите што во иднина ќе ги развиваат.
ОРГАНИЗИРАЈТЕ ИМ НЕСЕКОЈДНЕВНО ДОЖИВУВАЊЕ
Дружбата со веселиот џиновски Зајко – маскотата на „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ во Скопје сити мол
со сигурност ќе ги развесели и ќе ги возбуди вашите малечки, кои ќе можат и да се фотографираат со него во убав, шарен и весел велигденски амбиент. Детските насмевки ќе се фотографираат секој ден од 10.00 до 22.00 часот на приземјето, веднаш до домашната фарма, а децата ќе си заминат дома со убави спомени, нови фотографии и најубави доживувања, другарувајќи и празнувајќи ги незаборавните мигови за еден од најголемите празници – Велигден.
За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк:www.skopjecitymall.mk/veligden
Во продолжение ви го испраќам целосното соопштение и фотографиите од настанот.
Ви благодарам за објавата во вашиот медиум.Сите имаме денови во кои сме потполно демотивирани и апатични, меланхолични или едноставно без трошка волја да направиме нешто убаво и позитивно за