Неколку правила на кои не треба да заборавите при изборот на костум за капење

Веројатно веќе почнавте да размислувате каов тип на бикини ќе бидат соодветни за вашето тело. Летово ќе се носи се, и бикини и монокини и танга, а костимите за капење без перамки, или со една прерамка, со карнери, класичните и костимите за капење во нежни бои ќе бидат хит. Сепак, акцентот ќе биде на телото.
Има многу модели кои секоја година им пркосат на трендовите, но и такви кои ја одбележуваат сезоната. Костимите за капење кои ги носеа Брижит Бардо, Елизабет Тејлор, Памела Андерсон, Хали Бери, Анџелина Џоли, Џесика Алба и низа други актерки во филмовите, му одолеаја на времето и останаа „ин” секогаш. Нив ги посакуваат речиси сите жени, без оглед на годините и стилот. 

Летово дизајнерите препорачуваат да се носат костими без прерамки како алтернативни триаголни бикини со „возбудливи” бои и графики. Немојте да ги купувате доколку имате бујни гради.
Костимите за капење со една прерамка, исто така ќе видат во мода оваа година. Можеби не се удобни за во вода, но совршено ќе се вклопат во амбиентот додека уживате покрај базенот или на плажа.
Карнерите се „ин”. Големи или мали, тие можат да ги украсуваат деколтеата, бикините, и тоа еднобојните, или горните рабови на тангата.

Нема да згрешите и ако изберете класични модели. Нивната популарност не спласнува бидејќи „заведуваат” без многу откривање. Тие се идеални за секоја жена што е по малку срамежлива, а сепак сака да изгледа привлечно. Придушените нијанси, „слатките” графики и ниските резови ќе направат да изгледате „жешко”. Нема ограниченост ни за боите, но ќе доминираат нежните тонови. Светлозелени и сини, розови и виолетови, бели и бежови се само дел од комбинациите кои ги препорачуваат дизајнерите, зашто визуелно ја истакнуваат градбата на телото.
Но сепак постојат „правила“ кои не би требало да ги игнорирате
Доколку имате широки раменици, големи гради и тесни колкови, но не и мал задник, можете да носите и бикини и монокини. Горниот дел нека биде еднобоен (визуелно ќе ги стесни рамениците и ќе ги намали градите), а долниот дел со шари. Така линијата ќе ви изгледа врамнотежено. Ако се одлучите за едноделен костим за капење, нека се врзува околу вратот. Избегнувајте израз во „V“. 
Доколку имате мали гради можете оптички да ги зголемите со „топ” што се врзува околу вратот и се спојува веднаш под нив, украсен со монистри, перли или со лентички, а можете да го „пополните” и со силиконски додатоци. 

За оние со крушовидна градба на телото широки колкови и тесни раменици, монокините се совршен избор. Кај стомакот може да имаат шара за да се нагласи струкот. Доколку сакате да носите дводелен костим, долниот дел треба да е темен, а горниот дел разигран. Избегнувајте спуштен долен дел во вид на куси панталончиња и триаголен горен дел.
Крупната конституција може да се „корегира” со костим за капење што има длабок V изрез, во темна и студена боја. Нема потреба целосно да се покривате. Ако имате колкови и половина со иста ширина, „силни” раменици (атлетска конституција), изберете костим за капење со детали на средината. Горниот дел нека се врзува, а долниот дел со ремен. Заборавете на еднобојниот и костимот за капење во линии.

Кусите нозе, односно телото, ќе го издолжите визуелно со костим за капење што има висок изрез на колковите, т.е. со длабоко деколте. Избегнувајте боксерски и „ламбада” гаќички.
Доколку градбата на вашето тело личи на песочен часовник ви прилегаат сите модели, од класични до костими за капење кои се тренд. Што и да изберете нема да згрешите.

Топ трендовите на костуми за капење за лето 2013 можете да ги погледнете ТУКА.
А за тоа какви аксесоари ви се потребни за на плажа, можете да погледнете на следниот ЛИНК.
Се надеваме дека ви ги разрешивме дилемите. Сега знаете каков костум за капење да изберете. Па, што чекате, време е за шопинг.Веројатно веќе почнавте да размислувате каов тип на бикини ќе бидат соодветни за вашето тело. Летово ќе се носи се, и

Пронајдете не на следниве мрежи: