Неколку правила за бракот кои сите би требало да ги знаат

За бракот имаме илузии или пак на него гледаме само како една институција. Но без разлика на верувањата, постојат одредени универзални правила за бракот кои сите би требало да ги знаат. Доколку во бракот се чувствувате занемарени, повредени или малтретирани, излезете од него
Ако било кој ви зборува да останете поради децата, занемарете го тоа. Всушност токму децата треба да се причина за да излезете од него и да ги научите како бракот не треба да претставува болка и непочитување.
Ако не сте занемарени, повредени ниту малтретирани, туку едноставно сте престанале да ја сакате другата личност, “добре дојдовте во клубот”
Сите оние кои се во брак се во еден вид клуб. Да се биде без илузии и фантазии е во ред, бидејќи не се живее во бајка. Лага се браковите од филмовите каде се живее во врели љубовни афери, успешна кариера и со совршени деца.
Во реалните бракови се перат чорапи, глумиш дека слушаш кога најмалку ти се слуша, а за возврат бараш партнерот да те слуша кога ти зборуваш. И тоа е и брак и љубов и среќа и паѓање на колена поради бришење на подот, а не за да побараш прошка. Како и се друго во животот, голем процент се работата и трудот кои се вложуваат, додека само мал дел останува за уживање на плодовите. Значи ако сакате да стапите во брак, подгответе се за потење. Доколку не сте подготвени за чистење тоалет, гланцање прозори, менување пелени, добро размислете за “прстен на раката”.

 
Да се живее среќно до крајот на животот не е само фраза со која се завршува, напротив тоа е едно ново поглавје полно искушенија
Цртаните филмови на Дизниленд не научија дека двајцата заљубени се венчаат и живеат среќно до крајот на животот, без драми и сплетки. Но тоа не е така, под таа фраза всушност се крие еден нов почеток.
Имено, сите славиме кога влегуваме во брак, а би требало таа прослава да се одложи на 10 годишнина, 20 годишнина макотрпен труд за да опстане. Треба да се инвестира во бракот а не во свадбата, притоа меѓусебно да се наградувате за секој ден поминат заедно во заеднички живот. Добрата или лоша вест е дека бракот започнува секој ден.
Сексот исто така е важен елемент во секој брак
Луѓето кои се во брак и кои се искрени ќе ви признаат дека вложуваат многу труд за и двајцата да уживаат во сексот. Додека децата се мали, веројатно ви е јасно дека сексуалниот живот може да трпи, но и подоцна повторно ви треба време за да научите како да се однесувате, како да уживате и да имате здрав комплетен сексуален живот. Нормално е дека некои работи доаѓаат природно, но за страствен секс кој трае години треба долго да се работи.
Бракот е одлична можност да се чувствуваме сакани, да сакаме и несебично да даруваме љубов меѓусебно
Живееме во свет на комфорот кој не учи, ако не сме задоволни, треба да го смениме опкружувањето, луѓето околу себе, а не себе. Новите пријатели, новата куќа нема ништо да помогнат, бидејќи каде и да одиш, ти си таму. Единствено нешто што можеме успешно да промениме за да ни биде подобро, треба да почнеме од себе да носиме позрели одлуки. Вистинската љубов ќе ги преброди сите препреки, искушенија, болни искуства, преку заедничките солзи, пожртвуваноста, довербата, трпеливоста. На крајот сфаќате дека вам ве врзува нешто повеќе од само страст и занесеност. Доколку во бракот се чувствувате занемарени, повредени или малтретирани, излезете од него
Ако било кој ви зборува да оста

Пронајдете не на следниве мрежи: