Неколку примени на ОЦЕТОТ за кои веројатно не сте слушнале!

Кисел вкус и силна арома – оцетот е задолжителен течен зачин за многу вкусни салати и јадења. Но, оцетот е и многу повеќе од тоа. Со години наназад тој се користел во домаќинството како средство за чистење, природен лек или козметички препарат.Освен за закиселување на сезонската салата, оцетот може да го искористите за:
Заштита на шофершајбната од мраз. Метеоролозите најавуваат многу ниски температури, а вие морате да патувате со својот автомобил? Во шише со распрскувач измешајте оцет со вода во сооднос 3:1 и вечерта испрскајте ги прозорците. Оцетната киселина не ѝ дозволува на водата да замрзне на прозорците. Што ако веќе има мраз на шофершајбната? Испрскајте го мразот со растворот за да си го олесните чистењето.
Лесно чистење на микробрановата печка. Уморни сте од борбата со остатоците од храна во микробрановата печка? Наместо да употребувате силни хемикалии за да ја исчистите нејзината внатрешност, пробајте побезопасно оружје – оцетот. Во длабок сад измешајте ¼ шолја оцет и 1 шолја вода и ставете ја течноста да врие 1-2 минути во микробрановата печка. Не го вадете веднаш садот и оставете ја вратничката затворена уште неколку минути. Потоа, избришете со крпа. Не само што полесно ќе ги отстраните остатоците од храна, туку ќе го уништите и силниот мирис од пуканки, риба и сл.
Лесно отстранување на залепени етикети. Штотуку купивте нов производ и сте загрижени како ќе ја отстраните етикетата без да остане лепило? Затоплете мала количина бел оцет, во него потопете крпа, а потоа поставете ја на етикетата која сакате да ја отстраните. Кога таа ќе биде целосно накисната, можете да ја одлепите без да се плашите од лепилото.
Полесно отстранување на дамките од пот, дезодоранси и стикови од облеката. Дамките од пот можат да ги уништат вашите блузи, а процесот на уништување може да биде забрзан ако употребувате антиперспиранти кои оставаат дамки. Решение за овој проблем е оцетот. Едноставно пред да ја перете маицата, испрскајте ја дамката со чист бел оцет и полесно ќе ја отстраните.
Намалување на вишокот килограми. Природниот јаболков оцет е одличен сојузник во борбата со масните наслаги и вишокот килограми. Наутро, пред првиот оброк, пијте една чаша млака вода во која претходно сте раствориле една лажичка јаболков оцет и една лажичка мед.
 Освен за закиселување на сезонската салата, оцетот може да го искористите за:
Заштита на шофершајбната од мраз.

Пронајдете не на следниве мрежи: