Неколку работи кои НЕ би требало да ги споделувате со вашите пријателки

Кога сме млади, најчесто разговараме со пријателките за сите детали од нашиот живот, меѓутоа, во позрели години тоа и не е толку препорачливо.Еве што сепак не би требало да споделувате од вашиот интимен живот:
1. Детали од неговиот живот
Ако тој ви раскаже одреден детаљ од својот живот, тоа сигурно ќе го направи во доверба, па секако дека не би било во ред да го изневерите. Ако тој било кога дознае дека интимните нешта кои ви ги кажал во доверба вие сепак сте ги прераскажале, никогаш повеќе нема да ви верува и да ви се доверува. Имајте на ум дека мажите се инаку по природа доста затворени и дека многу значи и тоа што биле искрени и отворени за да откријат одредени детали.
 
2. Секоја ваша кавга
Немојте да ги споделувате сите кавги или недоразбирања кои ќе се случат помеѓу вас. Пријателите на тој начин ќе започнат да го осудуваат, а на вас, на одреден начин, ќе започнат да ви вршат притисок за да го напуштите. Сепак, вие сте тие кои би требало да си го постават прашањето, ако расправиите се случуваат премногу често, дали вашите пријатели би биле во право ако сепак ви посочат дека таа личност не е за вас? Од друга страна пак, ретките недоразбирања би требало и самите да знаете да ги решите со партнерот, и за нив не треба да барате совет од најдобрите пријателки.

3. Интимни детали од вашата спална соба
Можете на пријателката да и кажете дека сте генерално презадоволни и среќни или пак збунети или изненадени, но сепак не треба да споделувате детали бидејќи на тој начин ги вулгаризирате нештата кои би требало да се само ваши, длабоко интимни доживувања. Ако имате заедничко друштво, таквите детали со сигурност кога тогаш ќе излезат на површина, а тогаш секако дека нема да се чувствувате пријатно.

 
4. Вашите совршени моменти и совршена врска
Ако уживате во врската на вашиот живот и ако имате чувство дека сте на “седмо небо”, не би требало често да говорите за тоа бидејќи може несвесно да ја разбудите туѓата љубомора или да станете потполно бесчувтвителни за проблемите на вашите пријатели кои на таков начин може и потполно да ги изгубите, а тоа со сигурност не сакате да се случи.
Сетете се кога и вие сте биле сами и можеби крајно очајни – дали би можеле да издржите толкава среќа на вашата пријателка која личи и како да се дистанцирала од вас?Еве што сепак не би требало да споделувате од вашиот интимен живот:
1. Детали од неговиот живот
Ако тој ви раскаже

Пронајдете не на следниве мрежи: