Неколку трикови за подготовка на совршени мекици!

Голем обожавател сте на мекиците, а сепак при нивното подготвување мислите дека нешто не ви оди од рака? Пробајте со следново:Потребни состојки:
-10 грама шеќер
-малку сол
-100 мл масло
-1 квасец
-1 кг брашно
Начин на подготовка:
Растворете го квасецот во една чаша млака вода. Во длабок сад замесете го  тестото додавајќи 900 гр брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додадте само топла вода).
Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне.
Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло.
А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат.
Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото.
Тајни околу пржењето на мекиците:

 
Капнете неколку капки ракија за да не се полнат многу со масло. Едно капаче ракија на едно кило брашно. Се капнува во тестото.
Пробајте како што е напишана рецептата и кога ќе стасаат посипете пола лажиче пециво и измешајте ги па после пржете ги. Ќе бидат многу меки и нема да бидат мрсни. Најбитно е тестото да не биде ниту многу меко ниту многу тврдо.
Да не ви гори маслото ставете 3-5 зрна жив грав во маслото и пржете колку сакате.
Извор: ПопараПотребни состојки:
-10 грама шеќер
-малку сол
-100 мл масло
-1 квасец
-1 кг брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: