Едноставно, практично за примена и корисно. Неколку мали заповеди за сексот кои вашиот сексуален живот ќе го направат подобар…Прифатете го своето телоВашето момче или вашиот маж не ви е мајка, пријател, пријателка туку ваш сексуален партнер. Не ги нагласувајте своите недостатоци пред него и придржувајте се строго до тоа. “Задникот ми е малку мек, одам утре на аеробик!”, “Имам мали гради… мислиш ли дека сo пуш ап градник ќе изгледаат поголеми?”. Таквите реченици се строго забранети, бидејќи нема ништо што ќе го деморализира повеќе од вашата несигурност. Земете ги работите во свои рацеБидете такви какви што сте, со ситни модификации. Посветете му се, веќе добро го познавате неговото тело. Искористете го тоа знаење за да ги поттикнете неговите ерогени зони да проработат, а мажите ги имаат доволно. Облечете се прикладно. Слично како и претходно, но со некои додатоци – облечете потпетици и негови боксерки. Бидете креативни и фантазирајте. Мажите се воајери и ги возбудува визуелнотоПрестанете да го исклучувате светлото и дозволете му да ужива во вашата убавина. Не се срамете од своите недостатоци, па и тој го има. Кога ќе го соблечете градникот, не ги кријте градите, исправете се и стегнете ги нозете. И најважно, не затворајте ги очите, уживајте во сопствената претстава.
Упатете го, покажете задоволствоАко сте срамежлива, веројатно во текот на сексот не го упатувате на некои понатамошни чекори. Па добро, знаеме дека не треба да станете кралица на сексот, но сепак некое кратко упатство добро би било. Истражувањата покажуваат дека мажите не сакаат да бидете строги во кревет, но дефинитивно сакаат да гледаат како нивната партнерка ужива. Охрабрете го – тој е единствениот што го сакатеМажите се прилично несигурни кога се во прашање нивните сексуални способности. Охрабрете го велејќи му дека тој е единствениот маж што го посакувате. Пофалете го начинот на кој ве допира, но не со 'Браво злато!', туку покажувајќи му го своето уживање. Убедете го дека е добар во тоа што прави.
Направете го првиот чекорМажите често се жалат дека секогаш тие мора да го направат првиот чекор до кревет. Па кога веќе се жалат, ајде бидете вие тие што ќе го направите првиот чекор. Но, вие сте жена и ќе биде доволно да му дадете до знаење дека сте подготвена за тоа. Тоа можете да го направите со поглед, насмевка, допир и долг, долг бакнеж.Прифатете го своето телоВашето момче или вашиот маж не ви е мајка, пријател, пријателка туку ваш сексуален партнер. Не