Нелоски: Проектите кои ги создававме заедно со младите стануваат реалност

Проектите кои ги создававме заедно со младите од целата држава во кампањата “Македонија за младите, младите за Македонија” стануваат реалност, напиша Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.-Сите студенти веќе имаат можност да ги користат новите Перални и Сушални во студентските домови. Би сакал да им посакам добар престој и на сите оние кои што ќе се сместат во новиот реконструиран блок А во студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој со децении не беше заковано ниту шајка. Веќе се реконструирани 2 блока, а во постапка се уште 2.
Нелоски им укажа на студентите да се грижат за инвентарот и ентериерот на домовите бидејќи тие треба да останат и за идните генерации.

-Стотици проекти се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а 40 од нив се МЕГА проекти кои се од суштинско значење за младите. На мое и ваше огромно задоволство 10-тина од 40-те проекти се веќе реализирани, а уште толку се во фаза на реализација. И покрај деструктивните политики на СДСМ ние не прекинуваме со реализација на проектите кои сме ги ветиле и создале заедно со младите. ВМРО-ДПМНЕ е искрен партнер на младите во Република Македонија кој им нуди иднина, просперитет и најважно, држава во која ќе може да се реализираат! За разлика од СДСМ која единствено на младите им нуди двојазичност, бинационалност и федерализација. Продолжуваме, пишува Нелоски.
 -Сите студенти веќе имаат можност да ги користат новите Перални и Сушални во студентските домови. Би сакал да им посакам добар престој и на сите он

Пронајдете не на следниве мрежи: