Нема да дозволиме граѓаните да трпат последици од неуспехот на европските политики за мигрантската криза

Нашата способност како држава и општество да се справиме со предизвикот со бегалците е ставена на тест. Од почетокот на кризата се потпираме врз сопствени ресурси и минимални билатерални донации.  Република Македонија ги сноси последиците од пропустите на Унијата, ги трпиме последиците од немоќноста на нејзиниот кризен менаџмент да се справи со заканите и со ризиците, истакна претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред пратениците, говорејќи за мигрантско-бегалската криза.Посочи дека проактивниот одговор на Македонија во справувањето со мигрантската криза беше забележан и во Европската унија и во НАТО. Заложбите, како што рече, дадоа очигледен резултат.
– Од почетокот на кризата се потпираме врз сопствени ресурси и минимални билатерални донации. Благодарни сме за странската финансиска помош која е целосно наменета за хуманитарниот аспект од бегалската криза. Од друга страна, сите трошоци за безбедносниот аспект на мигрантската и бегалска криза надминуваат 12 милиони евра. И сите се на наш грб. Непланираните трошоци што произлегоа од мигрантската криза мора да се земат предвид при изработката на следните буџети. И покрај сето тоа, како држава правиме сè што е во наша можност да ги исполниме сите наши меѓународни обврски за хуман третман на мигрантите и бегалците, рече претседателот Иванов во обраќањето.
Оценувајќи оти Европската унија била затекната во случајот со мигрантите, Иванов укажа дека првиот пропуст на Унијата е нефункционалниот механизам за распоредување на бегалците во земјите-членки со таканаречени квоти, вториот пропуст е што дозволи нејзини земји-членки да не ги регистрираат бегалците и мигрантите и третиот пропуст на Унијата е што дозволи земји-членки да носат еднострани одлуки.
– Бевме првата држава во Европа која не е членка на Европската унија, а која прогласи кризна состојба за закана од илегална миграција, која доаѓа од територија на Унијата. Го активиравме кризниот менаџмент, истакна Иванов.
Потенцира дека како претседател и врховен командант постојано ја следи безбедносната состојба на нашата татковина, а повеќепати бил во обиколка на јужната граница. Благодарение на одлуката за ангажирање на Армијата на Република Македонија за поддршка на граничната полиција, како што рече, спречени се голем број  илегални преминувања.
– Наспроти забелешките за нефункционалност на институциите, по прогласувањето кризна состојба, Македонија е редок пример за успешно справување со мигрантската криза. Македонските институции, иако се оставени без речиси никаква директна билатерална помош од европските институции, успешно се справуваат со секојдневниот прилив на бегалци, рече македонскиот претседател.
Тој посочи на фактот дека со сè што е направено, дури и во услови на политичка криза и безбедносна закана, не е дозволено да бидат нарушени безбедноста на граѓаните и интегритетот на државата.
– Не дозволивме и нема да дозволиме Македонија да биде колатерална штета и нашите граѓани да ги трпат последиците од неуспехот на европските политики. Научивме лекција од политичката криза. Бидејќи, кога ние сами не одлучуваме, тогаш други одлучуваат и за нас. Не дозволивме да ја направиме истата грешка при ескалацијата на мигрантската криза. Не дозволивме да се носат одлуки за нас, без нас, истакна Иванов.
Додаде оти самоуверено и одлучно Македонија се справува со предизвиците.
– Како држава, изненадивме многумина кои не очекуваа територијално мала држава, како Македонија, да биде толку отпорна и цврста пред заканите. Ја стекнавме довербата и почитта на нашите сојузници кои во Македонија почнуваат да гледаат сè позначаен партнер. Партнер, способен да излезе на крај со предизвиците што ги носи новиот светски непоредок. Партнер на кој можат да сметаат, посочи Иванов.
Замислете само, рече претседателот Иванов, колку ќе беше добро ако и политичката криза ја решававме со вакво чувство за одговорност и државност.
Потсети дека во рамки на неговите меѓународни активности остварил бројни средби со европските лидери и во секоја прилика инсистирал Република Македонија да биде на масата кога Европската унија ќе носи одлуки за мигрантската и бегалската криза.
– Од нашите партнери во Унијата барав да ни овозможат да бидеме дел од решението, а не дел од проблемот, рече Иванов.
Тој додаде дека на вонредниот Европски самит за мигрантската криза имало предлози да отвориме бегалски кампови на нашата територија.
– Се спомнуваа бројки од 20 па и 30.000 луѓе. Категорично ги одбив таквите барања. Јасно ставив до знаење  дека Македонија е само транзитна земја и дека како транзитна земја имаме капацитет од само 2000 лица во нашите привремени транзитни центри. Нашиот став го бранам на секоја средба, бидејќи секое зголемување на овие бројки ќе значи зголемување на безбедносните ризици за Македонија. А, тоа никако нема да го дозволиме, појасни македонскиот претседател.
Осврнувајќи се на вонредниот состанок во Брисел, Иванов информира дека инсистирал на распоредување на силите на ФРОНТЕКС.
– Инсистирав на поголема соработка од страна на нашиот јужен сосед. За овие барања во два наврата разговарав и со грчкиот премиер Ципрас. Моите заложби вродија со плод. Неодамна, Грција и формално упати барање до ФРОНТЕКС за распоредување  сили на грчко-македонската граница. Нивната задача ќе биде да вршат проверка и регистрација на мигрантите кои сакаат да влезат во Република Македонија. Од господинот Ципрас добив ветување за поинтензивна соработка и комуникација меѓу грчките и македонските безбедносни служби, рече Иванов.
Тој истакна дека до повеќе европски држави е упатено барање за полициски службеници и опрема за заедничко справување со мигрантската криза, заштита на границите и контрола врз мигрантите.
Претседателот Иванов посочи дека на минатонеделната средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакнал оти Унијата, помагајќи ѝ на Македонија, си помага самата на себе.
– А има и зошто. Македонија има јасна, доследна и координирана политика во однос на мигрантската и бегалска криза. Но, и претседателот Туск има одговорен пристап кон мигрантската и бегалска криза, особено за безбедносниот аспект. Ме радува што имаме пријател кој пред лидерите во Европскиот совет ја пренесува нашата загриженост и нашите барања особено од безбедносна природа. Благодарение на сево ова, Европскиот совет ги разбира и ги почитува нашите државни интереси. За тоа зборуваат и заклучоците на Европскиот совет, рече претседателот Ѓорге Иванов.
На обраќањето на претседателот Иванов во Собранието присуствуваа премиерот и членови на Владата, началникот на ГШ на АРМ, претставници на дипломатскиот кор, на верските заедници, на правосудните органи…, а не се беа присутни пратениците од СДСМ и ДУИ.Посочи дека проактивниот одговор на Македонија во справувањето со мигрантската криза беше забележан и во Европската унија и во НАТО. Заложбите, как

Пронајдете не на следниве мрежи: