Нема да има зголемување на цената на струјата

АД Електрани на Македонија нема да бара зголемување на цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи, а негативното салдо од работењето на почетокот на годинава предизвикано со увозот на струја заради екстремните студови ќе го надмине со извоз на струја кога ќе биде поскапа на берзите, најави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.Тој посочи дека во моментов цената на електричната енергија на берзите е 24,5 евра за мегават час и е за 17 евра пониска од регулираната на ЕЛЕМ и додаде дека размислуваат наскоро да почнат со увоз на евтина струја и во тој период да ги подготвуваат капацитетите и да ги полнат акумулациите за подоцна кога цената на струјата ќе биде повисока од регулираната да извезуваат.
– На тој начин не само што компанијата ќе може да го испегла негативното салдо во работењето од почетокот на годинава, туку ќе може и да забележи профит, рече Мицкоски.
Нагласи дека минатата 2016 година АД ЕЛЕМ оствари добивка по оданочување од речиси 14 милиони евра или скоро двојно повеќе од претходната 2015 година и успеа целосно да го отплати заемот од 31 милиони евра од Светска банка што поранешното ЕСМ го зема за зајакнување на производните капацитети на компанијата.
Прецизира дека во првите два месеца од 2017 година електроцентралите на  АД ЕЛЕМ кумулативно испорачале 914.076 мегават часови електрична енергија и го натфрлиле производствениот план за 8,11 проценти или за дополнителни 70 гигават часови. Со тоа, како што кажа, реализирано е 23,2 отсто од вкупно планираното годишно производство за потребите на тарифните потрошувачи. Термоелектраните произвеле 666.610 мегават часови или 10,1 отсто над планираното, хидропотенцијалите испорачале 230.170 мегават часови што е за 2,87 отсто повеќе од планираното, а паркот на ветерни електрани кај Богданци произведе 17.296 мегават часови електрична енергија или за 6,4 проценти повеќе во однос на предвиденото во енергетскиот биланс за овој период од годината.
– Овој резултат како компанија не прави посебно горди и ни остава простор, ни остава сериозен простор за натамошно оптимирање на производните капацитети што секако ќе го искористиме, рече Мицкоски.
Поради високиот конзум кај тарифните потрошувачи условен од екстремно ниските температури кои го зафатија Балканот и Македонија во јануари 10 проценти од вкупно потрошената електрична енергија е обезбедена од увоз. Во февруари, пак, целосните потреби од електрична енергија за потрошувачите на регулираниот дел од пазарот се задоволени преку домашните производствени капацитети во сопственост на ЕЛЕМ.
Лани, како што рече Мицкоски, успеале да ги завршат гео-техничките истражни работи во новите наоѓалишта на јаглен на потегот помеѓу Делчево и Пехчево каде што се откриени нови 50 милиони тони јаглен што е доволно за нов производствен капацитет од 150 до 200 мегавати што би произведувал базна енергија најмалку 30 години, добиле одобрение за градба за примарниот топловод и терцијалната мрежа од проектот Топлификација на Битола.
Со сопствени ресурси, а по задолжение од Владата, во наредниот период АД ЕЛЕМ, како што рече, ќе финансира изградба  на когенеративна постројка во рамките на Клиничкиот центар во Скопје која првично ќе биде со инсталиран капацитет од 3 мегавати, а подоцна 9 мегавати, а започна и преговори со АД Водостопанство за ревитализација и модернизација на малите хидроцентрали на браните Глажња и Липково со вкупен капацитет од 3 мегавати. Потпишан е и договор со консултантска фирма за изработка на физибилити студија за изградба на проектот Чебрен и Галиште, како и за физибилити студии за изградба на термоцентрали на висококалоричен јаглен на три можни локации и на три локации каде што може да биде изведена когенеративна постојка на гас и тоа на потегот меѓу Штип, Кочани и Велес, втората локација е на територијата на Град Скопје, а третата помеѓу Тетово и Гостивар,…
Во однос на предметот „Труст“ на СЈО, Мицкоски потенцира дека внатрешната контрола на компанијата покажала дека целата постапка во АД ЕЛЕМ била водена согласно Законот за јавни набавки што во тој момент бил во сила. Потенцира дека АД ЕЛЕМ има внатрешна и надворешна ревизија што ја врши консултатнт, а компанијата е константно контролирана и од Државниот завод за ревизија.Тој посочи дека во моментов цената на електричната енергија на берзите е 24,5 евра за мегават час и е за 17 евра пониска од регулираната на ЕЛЕМ и

Пронајдете не на следниве мрежи: