Нема да поверувате кој е фаворит за тренер кај навивачите на Реал

 
 
 
Според анкетата која ја организираше агенцијата „Сигма Дос“ за „Марка“, членовите на Реал Мадрид немаат голем фаворит за наследник на Жозе Мурињо доколку португалецот на крајот од сезоната го напушти овој тим.
Анкетата е спроведена меѓу 704 членови на клубот на натпреварот против Реал Сосиедад како и преку телефонски повици, а најмногу испитаници својот глас го дале на тренерот на англискиот премиерлигаш Челзи, Рафа Бенитез. Но шпанскиот тренер добил само 21,4 % од гласовите, па се чини дека не може да се говори за голема поддршка на навивачите на Реал. Се чини дека Бенитез, кој е роден во Мадрид, најголемиот број на гласови ги добил од навивачите на овој тим кои се постари од 65 години.
На второто место меѓу желбите е актуалниот селектор на Германија, Јоаким Лев со 19,5% од гласовите, додека пак третото место му припадна на Михаел Лаудруб, моментално тренер на англискиот премиерлигаш Свонси, а поранешен фудбалер на Реал Мадрид.
Да потсетиме дека претходно објавените резултати од испитувањата покажаа дека дури 61,6% од членовите на Реал Мадрид сметаат дека Мурињо со својот однос и потезите му штети на клубот, но 54,4% од анкетираните сметаат дека Португалецот и по завршувањето на сезоната треба да остане во Реал Мадрид.
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: