Малечката Шарлот Кук од Велика Британија, која има само 4 годинки, боледува од пореметување во исхраната, кое подразбира јадење на нехранливи материи.Ова мало девојче од Велика Британија страда од пореметување во исхраната, познато како пајка („picа“ анг.), и токму поради ова пореметување таа постојано јаде од теписите, перниците, ткаенината од креветите, итн.
Нејзината мајка Ники се плаши дека ова последиците од пореметувањето на нејзината ќерка, која пропратно боледува и од аутизам, би можеле да бидат фатални.
„Се плашам дека таа ќе загуши некој ден јадејќи некои од овие работи. Мојот најголем страв е дека спиејќи во сонот ќе гризне од нејзината перница и ќе се загуши од истата. Со овие стравови мора да живеам секој ден“, вели нејзината мајка, додавајќи дека повеќе од половината од мебелот во нивниот дом е нагризан. Нормалната и здрава храна таа речиси и да не ја конзумира.
Најчесто од оваа болест патат бременети жени, децата и други луѓе кои страдаат од аутизам, или некои други пречки во развојот. Во многу случаи ова пореметување трае по неколку месеци, а потоа само се повлекува.Ова мало девојче од Велика Британија страда од пореметување во исхраната, познато како пајка („picа“ анг.), и токму поради ова поремету