Светот е преполн со тајни и ексклузивни места за кои или не знаеме, или пак во кои не ни е дозволен пристап по никаква цена. Оваа листа ви ги претставува петте најтајни места и институции на планетава, каде на обичните луѓе им е забранет пристапот.Межгорје
Во овој руски град работниците денот го поминуваат на едно од најтаинствените места на Земјата – планината Јамнатау. Америка постојано ја предупредува Москва да го истражи овој предел, под сомневање дека таму се изработува нуклеарно оружје. Секој пат добиваат различен одговор: или дека тука се ископува злато, или дека се складира храна, или пак дека се работи на засолниште во случај на нуклеарен напад.
Тајната архива нa Ватикан
Оваа архива всушност и не е тајна, но само неколку луѓе имаат пристап до неа. Обичните луѓе може да погледнат во докумнтите на архивата, но само со специјална дозвола, по која вработените ви го носат потребниот документ од архивата на разгледување, без вие да влезете внатре.
Клуб 33
И покрај популарното уверение дека во Дизниленд не се точи алкохол, докажано е спротивното. Алкохолот е дозволен со секој оброк, но се точи овн работното време, кога паркот е затворен и достапен само за приватни забави. Иако е забавен парк од отворен карактер, во Дизниленд постои т.н. Клуб 33, каде не може секој да влезе. За членарина се плаќа околу 30 000 долари, и на официјалното членство се чека 14 години.
Второто Московско Метро
Не станува збор за метро кое можат да го користат само богатите луѓе, туку метро кое ги поврзува сите институции од државна важност. Се претпоставува дека ова метро е изградено за време на владеењето на Сталин. Се наоѓа на длабочина помеѓу 50 и 200 метри под земјата.
Вајт Џентлмен Клуб
Овој клуб е наменет само за мажи, и познат е по лудите обложувања. На пример, облог од 3 000 фунти за тоа која капка прва ќе капне од наврнатиот прозорец. Во клубот им е строго забранет пристап на жените, а мажите може да се зачленат само доколку ги покани некој од членовите, поддржан од уште двајца други. Ако не сте моќен политичар или член на кралското семејство, шансите да влезете во овој клуб ви се многу мали.Межгорје
Во овој руски град работниците денот го поминуваат на едно од најтаинствените места на Земјата – планината