Нема повеќе маки: Супер трик за диплење чаршави со ластик!

Чаршавите со ластик ќе ги здиплите така што наизменично ќе ги преклопите аглите, но внимавајте да бидат превртени наопаку. Откако ќе го сторите тоа, здиплете на класичен начин. Чаршавот со ластик е најпрактично решение за секој кревет бидејќи не се извлекува и не треба секое утро да го поправате одново. Но, колку и да е добар за употреба, толку е лош за диплење. Поради „ушите“ има неправилен облик па е скоро невозможно да го здиплите уредно. Сепак и овој проблем има свое решение. Погледнете во видеото како најлесно да ги здиплите овие чаршави.
Накратко постапката е следна:
Ставете ја навлаката на рамна површина и внимавајте да е превртена наопаку. Прстите вовлечете ги во рабовите на чаршавот. Шавовите во аглите мораат да бидат од  горната страна. Спојте го левиот агол со десниот и преклопете. Заменете ги прстите и преклопете го  на ист начин и другиот дел. Ставете го чаршавот на маса и здиплете на начин на кој ги диплите класичните чаршави.

Чаршавот со ластик е најпрактично решение за секој кревет бидејќи не се извлекува и не треба секое утро да го поправате одново. Но, колку и да е до

Пронајдете не на следниве мрежи: