Очигледно е оправдувањето на ОО СДСМ Дебрца кон нивните членови за поразот на изборните циклуси токму од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Трајковски. Немајќи изговор за нивните последователни порази кои патем се зголемуваат од еден во друг изборен циклус во она што преставува краен исход, разбирлив е нивниот начин за неосновано напаѓање. Би ги запрашале дали овие тврдења во нивното соопштение се однесуваат за владеењето на претходниот градоначалник Којчиноски кој во 16 години ја имаше тотално затворено општина Дебрца во смисол на услуги на граѓаните, каде што општината беше или со празни канцеларии или беше исполнета со партиски војници, и кога во целост владееше тотален медиумски молк и никаква транспарентност. Период кога веб страна на општина Дебрца беше само мисловна именка.
Но исто така искрено сме загрижени за заостанатоста на луѓето кои го пишувале соопштението на ОО СДСМ Дебрца особено во доменот на она што преставува модерен електронски систем за заштита на просториите на Општина Дебрца. Но и за критиката кон општинската администрација за која не знаеме дали ОО СДСМ Дебрца го пишувала соопштението токму за членовите на СДСМ кои се дел од општинската администрација и кои можеби преку ова соопштение признаваат дека намерно ја оспоруваат работата се со цел да прикажат наводна неефикасност. Или пак можеби во ваква улога се пронаоѓа нивниот претседател на општинската организација г-дин Зоран Ногачески кој како вработен во Општина Дебрца треба да знае дека токму за него имаме најмногу поплаки од жителите.
Сите овие негативности на луѓето од СДСМ во општина Дебрца се работи кои градоначалникот Трајкоски и ВМРО ДПМНЕ веќе ги имаа предвидено и токму поради тоа навремено се неутрализираа, а непобиен факт е дека општината Дебрца е една од најефикасните општини во Република Македонија, како во услугите кон жителите така и во реализација на огромен број проекти, како и во искористување на средства од различни програми.
На крај би им порачале на ОО СДСМ дека народот добро ја препознава работата на градоначалникот Трајкоски за што говорат токму последните неколку изборни циклуси и им препорачуваме да се помират со ваквите резултати.
Би ги запрашале дали овие тврдења во нивното соопштение се однесуваат за владеењето на претходниот градоначалник Којчиноски кој во 16 год