„Немате врска што се случува во Алепо“: Погледнете како канадска новинарка ги нападна западните медиуми!

Алепо е град кој веќе долго време е во центарот на светската јавност. Сириската престолнина на културата и бисер на античката историја, последните 5 години е постојана мета на уништување и центар на судирите на сириската војска и бунтовниците.Во текот на тие неполни пет години, медиумите објавија илјадници вести од Алепо, а изворите секогаш биле исти зависно од тоа дали за нив известуваат западните или руските медиуми.
Еден од норвешките новинари на прес конференција во ОН ја прашал независната канадска новинарка Ева Бартлет, која и самата известувала од Сирија, како нејзините извештаи драстично се разликуваат од тие кои ги објавуваат мејнстрим медиумите, а таа му објаснила дека сѐ што тие пишуваат е голема лага – своето тврдење темелно го образложила.
„Кога зборувате за сирискиот народ и тоа што тој го сака, како го одредувате бројот на луѓе? Вршите ли независни анкети во кои можете тоа да го документирате? И второ, зборувате за корпоративните западни медиуми и за нивните лаги. Можете ли да ја објасните агендата на западните новинари и да ја откриете причината поради која ние, како што велите, лажеме заедно со меѓународните организации? Зошто да не веруваме во апсолутно докажаните факти кои ги гледаме и добиваме од терен: бомбардирање на болници, убивање цивили… Како го оправдувате тоа што нѐ нарекувате лажговци?“ – ја прашал норвешкиот новинар Кристофер Ротенберг од Aftenposten.
Канаѓанката рекла дека сигурно меѓу мејнстрим медиумите постојат искрени новинари, а потоа започнала со одговор на долгото прашање кое го поставил Норвежанецот.
„Па, меѓународни организации се на терен. Кажете ми, кои се тие организации во источен Алепо?“ – прашала Бартлет.
Ротенберг молчел.
„Не знаете? Ќе ви кажам. Нема ниедна. Сите тие организации за кои зборувате се потпираат на извештаите на Сириската опсерваторија за човекови права која има седиште во Ковентри во Англија и во која работи само едно лице. Се потпирате на компромитирани групи како Бели шлемови. Ајде да зборуваме за Белите шлемови. Ги основа поранешен британски воен офицер во 2013. година, а добија вкупно 100 милиони долари од САД, Велика Британија и уште некои европски држави. Се преправаат дека спасуваат цивили во источно Алепо и Идлиб, но и покрај тоа ниеден цивил во источно Алепо не слушна за нив. И кога велам никој, го велам тоа сега, кога 95% од територијата на источно Алепо е ослободена. Белите шлемови се претставуваат како неутрални, а откриено е дека носат оружје и се фотографираат газејќи мртви тела на сириски војници. Нивните видео снимки содржат фотографии од исти деца кои со месеци се рециклираат. Така можете да пронајдете `исповед` на девојчето Аја која се појавува во извештај од август, па потоа од септември и тоа од две различни локации. Па така, тие не се кредибилни. Неименуваните активисти не се кредибилни. Еднаш или два пати – можеби. Но, секогаш. Тоа не е кредибилен извор. Па така, изворите за кои велите дека се на терен – не постојат. Ги немате“ – рекла канадската новинарка.
Ротенберг и натаму молчел.
„Кога станува збор за агендата на корпоративните медиуми, тоа е агенда за рушење на режимот. Како е можно New York Times или Democracy Now до ден денес да пишуваат дека во тек е граѓанска војна во Сирија? Како до ден денес известуваат дека протестите во Сирија биле ненасилни и без оружје сѐ до 2012. година? Тоа е ноторна лага. Како е можно да пишуваат дека сириската влада напаѓа цивили во Алепо, кога секое лице кое е ослободено од тој град кој го окупирале терористи го кажува спротивното? Како документираме колку луѓе? Со избори. Не знам дали се сеќавате, но во 2014. година сирискиот народ гласаше и мнозинството го поддржа Асад. Постојат луѓе кои сакаат да ја променат власта. Тоа е нормално и никој не крие дека тие постојат. Сите сакаат промена. Но, во смисла на промена на Владата тие луѓе не го гледаат Асад како проблем. Како проблем го гледаат тероризмот, елементите на системот кои ги имаат таму, но претседателот Асад за нив не е проблем, го поддржуваат во големо мнозинство. Па така, своето мислење и став го базирам врз изборот на сирискиот народ, како и на сопствените разговори со луѓето во Сирија“ – завршила Ева Бартлет, а Норвежанецот и натаму молчел.Во текот на тие неполни пет години, медиумите објавија илјадници вести од Алепо, а изворите секогаш биле исти зависно од тоа дали за нив известуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: