Немојте да се конектирате ако го видите ОВА во името на безжичниот интернет!

Истражувањето на „Касперски“, во кое се анкетирани 11.850 лица од различни делови на светот, покажува дека првата работа што ја прават патниците кога пристигнуваат во друга земја е конектирање на безжичен интернет. На овој заклучок се додава и образложението дека вообичаено мапите за градот, хотелот и слично, најчесто се чуваат на интернет, па приклучувањето е важно за повеќето луѓе.Веќе на аеродром, речиси една половина од корисниците е на мрежата (40 отсто), при што повеќето од нив се конектираат за да ги известат семејството и пријателите дека стигнале безбедно (67 отсто), додека повеќе од една четвртина велат дека се поврзуваат, главно, за преземање на информациите за патувањето.
Тоа што е заедничко за повеќето, е што патниците преферираат да се приклучат на бесплатната безжична мрежа, отколку да користат интернет во роаминг, иако тоа значи поголем ризик од кибернетски криминал. Тие се навикнати постојано да се конектирани и ретко кој размислува дека поврзувањето на бесплатниот безжичен интернет на плажа, во хотел, ресторан или аеродром, може лесно да доведе и до кражба на податоци или други потенцијални опасности.
Еден од пет патници бил жртва на кибернетски криминал за време на патување, вели истражувањето.
Еве како да го заштитите телефонот:
– Внимателно со конектирњето на мрежите на аеродромите, бидејќи тие се најопасни. Големиот проток на луѓе во секој момент го прави аеродромот најпопуларно место за оперирање на хакерите;
– Ако видите неколку слични имиња за бесплатен интернет, проверете кој е сигурен кај персоналот на угостителскиот објект во кој се наоѓате;
– Внимавајте на УРЛ. Доколку има HTTPS пред името на сајтот, тогаш телефонот ви е безбеден, но ако забележите HTTP aдреса, хакерите имаат пристап до сите податоци кои ги споделувате и праќате;
Кога сте на јавно место каде има многу вај-фај опции, најдобро би било да ја исклучите оваа опција, бидејќи телефонот автоматски може да се поврзе на небезбедна мрежа;
– Секој вај-фај хотспот автоматски е побезбеден ако има шифра. Ова исто така важи и за вашиот куќен вај-фај, кој мора да има шифра, не само да се избегне крадењето на интернет од комшиите, туку и да се заштитите од хакерски напади.Веќе на аеродром, речиси една половина од корисниците е на мрежата (40 отсто), при што повеќето од нив се конектираат за да ги известат семејството

Пронајдете не на следниве мрежи: