Принцес крофни, омилен десерт на многумина. Повеќето домаќинки се жалат дека тестото е тешко за подготовка. Мал совет, не ја отворајте рерната во првите 15 минути од печењетоЗа тесто:
100мл масло
200мл вода
6 полни лажици остро брашно
3 јајца
Крем:
3 жолчки
300 мл млеко
5 лажици шеќер
3 лажици брашно
200 мл слатка павлака
Или:
300 мл млеко
Пудиг од ванила
5 лажици шеќер
Подготовка
Зовријте ги водата и маслото. Тргнете од оган па додадете го мрашното со мешање. Кога смесата ќе се соедини и ќе стане густа оставете да се олади.
Во млаката смеса додадете 2 јајца па изматете, доколку смесата е прегуста додадете го и третото.
Загрејте ја рерната на 200 степени, па со шприц во плех обликувајте ги крофните. Вртете со шприцот од средина кон надвор во круг па нагоре. Ставете да се печат додека не поруменат. Во првите 15 минути никако не ја отворајте рерната. Оставете целосно да се изладат
Додека се печат подгответе ја смесата. Ставете го млекото да зоврие, одземајќи малку да ги изматите жолчките, шеќерот и брашното, па кога млекото ќе зоврие додадете ја смесата и сварете крем. Настрана изматете ја слатката павлака и измешајте ја со оладениот крем. Пресечете ги крофните на половина и полнете ги крофните и поклопете. На крај декорирајте со шеќер во прав.За тесто:
100мл масло
200мл вода
6 полни лажици остро брашно
3 јајца
Крем: