среда, 11 ноември 2026
Најново

Ненавремен потпис на министерката Ременски доведе до нереализација на капитални проекти

Поради ненавремениот потпис на Ременски капитални проекти во вредност од 10 милиони денари не се реализираа на време. 40 дена техничката министерка за труд и социјална политика не ја потпишувала потребната документација со што бил надминат законскиот рок, велат за Сител извори од министерството. Заради тоа 20% од буџетот за капитални инвестиции бил пренаменет за други ставки.Задоцнета била постапката за реализација  на владини проекти како:
-одлуки за избор за опрема за детска градинка Јегуновце и Бутел,
-одлука за набавка за сензорна соба во дневен центар за деца со оштетен вид во Кисела Вода,
-документација за купопродажба на објект во Катланово,
-одлука за набавка за опрема во дневен центар за деца со пречки во развој во Охрид,
-нарачка за идејно решение за старски дом.
Одговор на прашањата испратени до министерката зошто се доцни со реализацијата на овие проекти до доцна попладнево не добивме.
Жителите на Јегуновце беа некои од револтираните граѓани поради кочењето на проектите.
Нереализираните средства од лани ќе се пренесат како обврски за оваа година. Поради доцнењето ќе доцни и реализацијата на планираните проекти годинава.Задоцнета била постапката за реализација  на владини проекти како:
-одлуки за избор за опрема за детска градинка Јегуновце и Бутел,

Пронајдете не на следниве мрежи: