Ако се остварат прогнозите на британските метеоролози, тогаш претстојната зима би можела да биде топла со кратки, но обилни врнежи со дожд што ќе ги прекинува кратките периоди на екстремниот студ.„Метерогодзила“ би можела да ја погоди земјата со доаѓањето на Ел Нињо, која разорна непогода и носи катастрофални последици за живиот свет.
Ел Нињо е природна непогода предизвикана од климатските промени и прекумерното загревање на морињата и океаните.
Метеоролозите веруваат дека овогодишниот Ел Нињо би требало да го заобиколи нашиот регион, но без оглед на тоа ќе ги почувствуваме индиректните последици. Овие најави ги објави приватната американска служба Accuweather, а прогнозата ја запрепасти јавноста.
По рекордно топлиот август за поголемиот дел на средна и источна Европа, продолжува топлиот септември.
Дали е можно дека нема да има зима? Тоа никој не може со сигурност да го потврди, но и покрај тоа што ќе биде дождливо и топло на нашето подрачје, посебно е интересна состојбата во северните делови на нашиот континент. По жешкото лето од Балтикот до источна Германија, преку Полска, Украина до Романија, па дури и до западна Русија, есента ќе биде во знакот на потоплите температури.
Американскиот сервис за временска прогноза потврди дека нестабилното време ќе се почуствува во нашиот регион, а есенските дождови и бури ќе се движат од Португалија и Шпанија, преку Италија сѐ до Балканот, посебно на подрачјето на Јадранот и Лика.
Колку и да се чини дека дождот би бил пожелен, доколку се оствари таа прогноза, обилни дождови би можеле да предизвикаат поплави во Италија, но и на Балканот, посебно во Албанија, на Косово, Македонија, Србија, Грција и Бугарија.
Според најновата сезонска прогноза, се чини дека средната тримесечна температура би можека да биде повисока од просечната.
Летото оваа година и тоа како беше интересно. Беше проследено со рекордни температури, долга низа од жешки денови со температури повисоки од 30 степени Целзиусови, а очигледно е дека есента и зимата ќе бидат потопли, што оди во прилог на тезата дека климатските промени и глобалното затоплување се директна последица на таквите промени.„Метерогодзила“ би можела да ја погоди земјата со доаѓањето на Ел Нињо, која разорна непогода и носи катастрофални последици за живиот