Необично, но вкусно: Пробајте салата со пилешко, фета и јагоди!

Десертите со јагода се доста прочуени, но ова овошје е одлично и во салатиСостојки:
450гр пилешки гради
20гр рукола
200гр јагоди
150гр фета сирење
2 лажици власец
балзамико оцет
масилново масло
сол и бибер
Подготовка:
Исецкајте ги пилешките гради и пропржете ги во маслиново масло. Кога месото ќе се испржи извадете го на кујнска хартија за да се исцеди непотребната маснотија. Руколата измијте ја и оставете ја да се исцеди. Фетата исечете ја на коцки. Ситно исецкајте го власецот и со него посипете го сирењето од сите страни и попрскајте со маслиново масло. Јагодите измијте ги, пресечете ги на половина. На чинија за послужување наредете ја руколата зачинета со малку оцет балзамико, маслиново масло, сол и бибер. Додадете ги коцките пилешко, јагодите и фетата, па сето тоа зачинете го со маслиново масло и убаво промешајте. Наздравје
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
450гр пилешки гради
20гр рукола
200гр јагоди
150гр фета сирење
2 лажици власец

Пронајдете не на следниве мрежи: