Неодоливо кремаста салата од компири и копар

Оваа лесна салата од компир ќе ги воодушеви Вашите гости со неодоливиот мирис. Салатата може да се послужува топла или ладна, како предјадење.Потребни состојки:
• 6 големи компири 
• ¾ шолја лесен или посен мајонез
• ½ шолја кисела павлака
• 2 лажичи исечкан копар
• сок од ½ лимон
• 2 лажички млеко
• 1 лажичка исечкан магдонос
• 3 перца ситно исечкан кромид
• сол и бибер
Подготовка:
1. Ставете ги компирите да се варат. 
2. Во помал сад, припремете го дресингот: измешајте го мајонезот, киселата павлаката, копарот, сокот од лимон, млекото и додадете сол и бибер по желба. Вака подготвениот сос ставете го во фрижидер.
3. Изладете го сварениот компир под вода, а потоа излупете го и исечете го на поголеми коцки.
4. Вака исечканиот компир, ставете го во сад во кој ќе го додадете исечканиот кромид и магдонос.
5. Мешајќи полека, додавајте го приготвениот дресинг. По потреба, додајте уште мајонез или павлака.
На здравје!Потребни состојки:
• 6 големи компири 
• ¾ шолја лесен или посен мајонез

Пронајдете не на следниве мрежи: