Неоснована е забраната за капење во Дојранското Езеро

Loading...

Според последната информација пласирана од Институтот за Јавно Здравје дека водата на Дојранското езеро е небезбедна за капење и издадената забрана за пливање во езерото од нивна страна, останува неодговорено прашањето ЗОШТО кога во испитаните примероци НЕ Е УТВРДЕНО ПРИСУСТВОТО на очекуваната бактерија ЕШЕРИХИЈА КОЛИ од фекално потекло, ниту Ентерококус од фекално потекло се превземени такви дрстични мерки и е издадена забрана за капење на дури четири плажи.Со лабораториска анализа утврдено е присуство на слатководни алги кои ВЕРОЈАТНО (!?) го супримираат растот на патогени бактерии, велат од Институтот, а пренесува дневниот весник “Дневник”. Исто така, од Институтот за Јавно Здравје велат дека е зголемен бројот на колиформни бактерии, кои сами по себе НЕ СЕ патогени бактерии, но се индикатори за МОЖНО присуство на патогени бактерии. Дали овие претпоставки каде доминираат зборовите ВЕРОЈАТНО и МОЖНО се доволни за да се даде забрана за капење и да се проба да се разниша угледот на Општина Дојран и да се уништи претстојната туристичка сезона. Исто така изјавата од Институтот за Јавно Здравје е толку контрадикторна што велат дека пливањето во вода со зголемен број на колиформни бактерии го зголемуваат ризикот за појава на стомачни тегоби, а од друга страна истиот Институт ни дава информација дека на територијата на Општина Дојран во последните три месеци е забележан само еден и единствен случај на лице со стомачни тегоби. Доколку водата од езерото навистина е несоодветна за капење, тогаш секојдневно би имало стотици случаи на луѓе со стомачни тегоби, затоа што летната сезона во Дојран започнува уште во месец мај. Се прашуваме доколку водата е навистина небезбедна за капење, а Институтот за Јавно Здравје препорачува само превентивна мерка за сите оние кои не сакаат да ја почитуваат забраната – “да се истушираат со чиста и безбедна вода после капење во езерото” ги побива сите информации кои ги пласираат самите тие. Дали туширањето после капење во езерото со чиста вода е доволно за да се отстранат сите оние “страшни” бактерии кои придонесоа Институтот да донесе забрана за капење во водите на Дојранското Езеро. Сите овие контрадикторности изнесени од страна на Институтот за јавно здравје ја ставаат под голем знак веродостојноста на информациите пласирани од оваа институција. Инаку Дојран последните неколку години доживува ренесанса, се смени урбанистичкиот изглед, се подобри патната инфраструктура, плажите добија вистински медитерански изглед, условите за сместување се на завидно ниво, а бројката од 200.000 остварени ноќевања минатата година покажува дека Општина Дојран моментално е најатрактивно место во Р. Македонија. Исто така, годинава Дојран е одбран да биде “Град на културата”Со лабораториска анализа утврдено е присуство на слатководни алги кои ВЕРОЈАТНО (!?) го супримираат растот на патогени бактерии, велат од Институто

loading...
Loading...