НЕПОДНОСЛИВАТА ЛЕСНОТИЈА НА РЕЛАТИВИЗИРАЊЕТО

Loading...

25 дена собири #ЗаЗаедничкаМакедонија . Луѓето се на улица. Не ја даваат Македонија. Само таа земја можеме да ја наречеме родина, мајка. Една е на светов наша Македонија. Нам ни е јасно зошто сме таму.Нам ни е јасно зошто секој ден голтаме прашина, грлата не гребат, нозете не болат. Терминот за почеток е таков што многумина од нас доаѓаат таму директно од работа, по напорен работен ден полн со обврски. И семејствата ни фалат. И времето со нашите најмили и одмор и …..  Но не се жалиме. Ова го правиме од една и единствена причина, за да не бидеме генерацијата која поплукала по гробовите на своите предци и која им ја прокоцкала дедовината на своите наследници. Аманет е тоа, аманет кој се пренесува илјадници години од колено на колено. Секоја генерација има сопствена борба. Ова е нашата и назад нема.
 Се што бараме е осуда и повлекување на негаторската, иредентистичка, експанзионистичка, и противуставна т.н  „ Тиранска Платформа“ како од меѓународните фактори на стабилност така и од дома. За сега наоѓаме на поддршка само од претседателот на Република Македонија, господин Ѓорѓе Иванов. Странски емисари со постојан престој овде а и оние блицкриг викендашки емисари како и ЕУ бирократијата од говорниците во Брисел, вртат наоколу со импотентни фрази, иднината, просперитетот, морате брзо сега и веднаш да направите влада за интеграции, за живот, сите се битни, сите бараат внимание, внимателност… Сите освен нас, Македонците. Никој гласно да изговори  НЕ за „Тиранската платформа“ а ДА за меѓународни стандарди познати и признати во цел свет. Па релативизираат со тоа кој, како и зошто ја напишал, каде ја напишал, па лексичко лингвистички срања од типот – зошто Тиранска, зошто не Кичевска, па се до умоболните квази анализи дека таа била за наше добро, за животот на сите, дека некој не се чувствувал комотно со постоечките симболи, химна, пари…
Ретардирана работа, влегла болва во јамболијата, на невестата и било нелагодно, па дај да ја запалиме цела куќа за да изгори таа пуста болва. И никој, никогаш и никаде, во ни една реченица не ја осудува јебената платформа – која е поставена како предуслов да се формира таа пуста брза влада на животот и прогресивноста. Јебен треинспотинг! Паралелен универзум. Бараш брза влада на промени, просперитет, владеење на право, систем, а имаш услов за формирање на истата кој е противуставен !?!? И ќутиш, го игнорираш тој факт. Кое јебено лицемерие, која хипокризија !!!  И тоа од луѓе кои не сакаат ни името да ни го изговорат па фалусираат со  Скопје, вашата земја, оваа земја и слични куртонски фразеологии кои треба да ни кажат дека времето тече и можеб ќе задоцниме за влез во унијата која се распаѓа од внатре. И часовникот чукал. Која шибицарска битпазарска фора луѓе мои. Ко ситен лопов со украдена роба што сака побрзо да ви ја тупне пред да можете да го отворите пакетот и да видите дека е или празен или тоа што е внатре е расипано. Кои Лузери со големо „Л“.
Домашниве пак релативизатори, миленичиња на меЏународната, предводени од новопронајдениот Албанец со српска фразеологија од цртани филмови што оделе на „Мали Програм“ ( српска детска емисија од 80-тите години на 20-тиот век ) и фори од стриповите со Командант Марк и Блек Стена,  100 рала опинци искинаа да ни кажат дека платформа не постои туку дека била декларација ( а нам ни смета напишаното таму не како си го викаат ) – пак со таа пуста лексика. Па за тие за кои форава на Агим и 40-те релативизатори не пали, велат ОК, постои ама таму нема ништо што не е во Рамковниот договор, всушност во неговиот „Дух“, Дух чоече, Дух на уставот…. Јебено.
Нормален човек би ги прашал, па ЧУМУ платформа ако сето тоа има во Рамковниот? Чуму тој егзибиционизам?  Па на тоа оди спинот, е добро не е во рамковниот ама сето тоа Грујо го прифатил во 2008-ма? WTF? Што прифатил? Па двојазичност на цела територија ! И одат примери со двојазичните табли во Скопје, Струга, Дебар… Луѓе, не сме слезени од дрво вчера. Пишува фино во законот за јазици од 2008-ма на кој се повикуваат, официјален јазик на цела територија на Македонија е МАКЕДОНСКИОТ јазик. На териториите на кои има 20+ проценти становници кои зборуваат јазик РАЗЛИЧЕН од Македонскиот, во употреба е и тој јазик. Значи не Албанскиот, ТОЈ ЈАЗИК, описна референца. Што значи дека ако во Радовиш се населат 7000 КИНЕЗИ таму таблите ќе бидат на МАКЕДОНСКИ И КИНЕСКИ. Платформата БАРА – во уставот да стои дека официјални јазици на територија на Република МАКЕДОНИЈА се МАКЕДОНСКИОТ И АЛБАНСКИОТ. Тоа не постои никаде, како што НЕ ПОСТОЈАТ ни двојазични ПАРИ, ни двојазични КОМАНДИ, ни ГЕНОЦИД, ни двојазични АМБЛЕМИ на војска и полиција ни ЕТНИЧКА поделба на буџет во граЏански сврхи и најверојатно исто таков „Дух“- НЕ ПОСТОИ НИШТО ОД ТОА ! И тука релативизаторите разбираат дека има потреба од нов спин и велат – добро не постои ама и Грујо се тоа го прифатил, само СЈО не го прифатил и ДУИ го откачиле. Тоа и Заев бил поубав. Дај бре немој да ме јебете! Па сите знаеме дека и со Грујо и ВМРО во опозиција, тој може да стави вето на продолжување на мандатот на СЈО. Или поедноставно, животецот (мандатот )  на СЈО зависи од гласовите на четирите лидери кои вон уставно го креираа тој дебилен монструм. Значи не прифаќањето на продолжување на мандатот на СЈО нити може, нити некогаш можело да биде камен на сопнување при договор за влада. А ВМРО беа јасни, СЈО до Мај. Толку.
И потоа одат дебилштини од типот па не плаќале по 200 денари на ден ( која дебилана чоече… ) од луѓе што протестираа против МАТЕМАТИКА и сигурно не знаат да помножат 100.000 х 200 денари х 25 дена. Гарант не знаат. Тие исти лицемери кои го превртеа и урниса со бои Скопје сега релативизираат двојазични пари, битно било да ги имаш а не што пишувало и ти два пример – ЈУГОСЛАВИЈА. Распадната земја, да таа имала двојазични пари. Јебени Лузери. И нив не им е проблем да дадат 24 МИЛИОНИ евра за промена на парите – неопходно било, без разлика КОЛКУ ТАМАРИ е скап тој процес. А липсаа од мантри за 6 милиони панорамско ( што само ќе се исплати ) 3 милиони Порта Македонија и 4 милиони жичара кои веќе сами се исплатија…. Јасно, јасно, НЕ ЗА МАТЕМАТИКА НА ЕКСТЕРНО – сега знаеме и зошто. За да дадат 24 милиони Евра за двојазични пари, пари кои ги немаме нели, се сеќавате дека сме задолжени за 27 генерации следни…. Сега магично – ИМА ПАРИ, ама нема да градат болници и спасуваат деца, ќе менуваат СОВРШЕНО ФУНКЦИОНАЛНА ВАЛУТА. Најверојатно планот им е да спинуваат дека платата двојно ќе ти се зголеми ако парите ги броиш два пати, еднаш на Македонски а вториот пат на Албански…..
Ние сме тука, надвор, на улица. Не ни е грижа кој и кога ќе формира влада. Не браниме ништо друго освен МАКЕДОНИЈА. Се што бараме е отфрлање на „Тиранската платформа“ декларација, фактура или како веќе ќе ја наречат, од СЕКОЈ ЕДЕН КОЈ МИСЛИ ДА ФОРМИРА ВЛАДА. Таму сме во име на сите. Дури и во име на оние кои не напаѓаат и омаловажуваат. Дури и во име на АКАДЕМИЦИ кои лебот на маса им е од НАС а си земаат за право да ни лепат етикети. И во име на минатите генерации и во име на идните генерации. Јас сум таму за да можам да им погледнам во очи на сопствените деца и да им кажам – вашиот татко  НЕ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА во име на либерализам, геј и фејк човекови права. Вашиот татко ќе ви остави вам и на вашите поколенија држава СО ИМЕ, ЈАЗИК, ЗНАМЕ, ХИМНА, ГРБ, ИДЕНТИТЕТ и КОНТИНУИТЕТ. А на релативизаторите ќе им порачам, пардон мај Скопски – ЈЕБИТЕ СЕ. #НемаДаВиПомине , #4ИЛИНДЕН дојде и за разлика од вас ние не сакаме квази авторитети, сами знаеме и можеме да си ја креираме заедничката ни иднина. Можеме и сакаме, и знаеме што ни се заканува. Тука сме и не си одиме,
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !Нам ни е јасно зошто

loading...