Несекојдневна случка во Хонгконг: Се родило девојче со близнаци во стомакот!

Лекарите во Хонгконг дури овој месец успеале да го завршат истражувањето спроведео врз девојчето родено со два фетуси во внатрешноста на телото. Случајот датира уште од 2010 година, но дури сега е потврдено како двете структури кои се пронајдени во телото на новороденчето се навистина фетуси, пренесе iflscience.com.
Фетусите имале посебно црева, папочна врпца, но и ребра, рбет и мозок во почетна фаза од развој. Лекарите сметаат дека фетусите се развивале во внатрешноста на мајката некаде од осум до десет недели, па подоцна некако биле апсорбирани во телото на детето пред раѓањето.
„Со оглед на тоа дека е невозможно бебето да забремени само од себе, за оплодувањето на фетусот со близнаците се виновни нејзините родители“, рекол специјалистот д-р Ју Каи-ман.
Девојчето успешно било оперирано, а фетусите биле отстранети од пределот помеѓу левиот бубрег и црниот дроб. Ова е прв случај за појава на фетус во фетус во Хонгконг, а појавата толку ретко се случува, што се документирани само 200 случаи во научната литература.Случајот датира уште од 2010 година, но дури сега е потврдено како двете структури кои се пронајдени во телото на новороденчето се навистина фетуси

Пронајдете не на следниве мрежи: