Несквик- сон торта

Вистински сон…Состојки:
Кафеав пандишпан
5 белки
5 лажици шеќер
1 кесичка  пудинг од чоколада
Жолт пандишпан
5 белки
5 лажици шеќер
1 кесичка  пудинг од ванила
Бел пандишпан
5 белки
5 лажици шеќер
3 лажици густин
Фил:
15 жолчки
10 лажици шеќер
10 лажици брашно
1 литар млеко
350 гр маргарин
400гр несквик
300гр шлаг крем
Подготовка:
Изматете ги белките и шеќерот во цврст снег и потоа полека додадете го прашокот за пудинг. Испечете го падишпанот околу 15 минути на 180 степени. Истата постапка повторете ја за трите пандишпана.
За филот  изматете ги жолчките со шеќерот и брашното во 200мл млеко. Сето тоа сварете го во останатото млеко. Во филот додадете 200гр несквик, а кога ќе се олади додадете го изматениот маргарин, а потоа уште  200гр несквик.
Изматете 300гр шлаг крем во 300мл млеко. Филувајте ја тортата така што ќе ставите пандишпан, фил и врз филот шлаг. Наздравје.Состојки:
Кафеав пандишпан
5 белки
5 лажици шеќер
1 кесичка  пудинг од чокол

Пронајдете не на следниве мрежи: