НЕСОВЕСНО: Тушеви во Аушвиц ги згрозија израелските туристи!

Loading...

Менаџментот на ова историско место, верува дека тушевите се добар начин за луѓето да се разладат во текот на летната сезона. Израелците не го делат истото мислење.Туристи од Израел се шокирале кога на влезот од озлогласениот логор на смртта Аушвиц во Полска, ги пречекале тушеви-­прскалки, како оние од гасните комори кои биле користени во текот на Втората светска војна.
„Прскалките се поставени за да се разладат туристите, бидејќи овие денови температурите во Полска изнесуваат 37 степени“ – наведуваат од Музејот.
Тушевите се јасен потсетник на нацистичките злосторства, посебно за постарите посетители, кои всушност најмногу се погодени од невнимателноста на музејските служби. ­
„Штом излегов од автобусот, поминав низ дел од тушевите. Се шокирав. Отидов на рецепција и прашав за што станува збор, а тие ми рекоа дека прскалките се поставени поради горештините“ – револтирано раскажува Мајер Болка за Дејли Мејл. ­

Douches voor bezoekers van Auschwitz. What can possibly go wrong? https://t.co/lwaIizukJC pic.twitter.com/u4csGY8QHu
— Thijs Wolters (@ThijsWhoa) August 31, 2015

Управата на музејот, во изјава за јавноста тврди дека не постоела намера некој да се навреди и дека прскалките биле поставени со цел туристите да се чувствуваат пријатно додека чекаат во ред за влезници. ­
„Прскалките се поставени на место што е директно изложено на сонце, а таму понекогаш мора долго да се стои во ред, бидејќи илјадници луѓе секојдневно го посетуваат музејот. Ги тргаме прскалките кога ќе залади. Тешко ни е да го коментираме ова повикување на историските случувања, бидејќи прскалките не изгледаат како тушеви. Циклонот Б беше пренесуван во коморите на друг начин – ­ низ дупки во ѕидовите“ – стои во соопштението.
Од управата врдат дека ќе размислат за преместување на прскалките на друга локација.
Нацистите своите жртви ги затворале во комори со изговор дека одат на групно туширање. Од таваните виселе лажни тушеви. Кога ќе се затворела вратата, во комората пуштале смртоносен гас.
New layer…Туристи од Израел се шокирале кога на влезот од озлогласениот логор на смртта Аушвиц во Полска, ги пречекале тушеви-­прскалки, како оние од гас

loading...
Loading...