Несреќа на првата трка на Светското првенство во скијање

Вчера започна Светско првенство во скијање алпски дисциплини. Првата трка беше проследена со многу проблеми и неколку интервенции на медицинските екипи.
 
Организаторот одлучи трката да биде прекината и да бидат прифатени веќе постигнатите резултати на натпреварувачките што веќе излегле на патеката, откако патеката беше прекриена со магла.
 
Победник на првата трка е Тина Мазе од Словенија, која што изјави дека покрај психолошкиот притисок успешно одговорила на предизвикот. Тина до златниот медал стигна со време од 1:35. 39. На Лара Гут од Швајцарија  и припадна сребрениот медал, а бронзата отиде кај Џулија Манкузо од САД.
 
На  вчерашната трка тежок пад имаше натпреварувачката Линдзи Вон. На средина на патеката по доскок таа падна при голема брзина притоа удирајќи во една од поставените капии. Вон  која што на патеката ја скршила ногата и еден од работниците крај патеката беа пренесени во локалната болница во Шладминг.
 
Денес на програмата се машкиот супервелеслалом.
 
 Вчера започна Светско првенство во скијање алпски дисциплини. Првата трка беше проследена со многу

Пронајдете не на следниве мрежи: