Nestle очекува предизвикувачка година

Најголемата светска прехранбена групација Nestle објави во четвртокот дека очекува 2013 година да биде предизвикувачка, како што беше и 2012 година, известувајќи притоа за послабиот од очекуваниот раст на продажбата во Азија и Америка.Аналитичарите ги разочара податокот за 5,2 отстотниот раст во Америка, каде Nestle остварува третина од вкупните приходи. Не импресионираше ниту растот од 8,4 отсто во Азија, Океанија и Африка, каде се остварува петтина од приходите.Меѓу пријатните изненадувања аналитичарите го истакнаа 6,4 отстотниот раст на работењето со флаширана вода, со силна продажба на премуим брендовите Сан Pellegrino и Perrier, како и на брендот Pure Life.Групацијата објави дека ќе исплати дивиденда за 2012 година од 2,05 франци по акција, во однос на прогнозираните 2,09 франци.
МакфаксНајголемата светска прехранбена групација Nestle објави во четвртокот дека очекува 2013 година да биде предизвик

Пронајдете не на следниве мрежи: