Нето раст на профитот додека продолжува интернационализација на бизнисот

Загреб, 2016/10/28. – Атлантик Група во првите девет месеци од 2016 година оствари продажба од 502,0 милиони евра, во споредба со истиот период од 2015 година, што претставува пад од 4,9 отсто. Оперативна добивка пред камата и даноци (ЕБИТДА) на 55,7 милиони евра е намален за 6,9 отсто, додека нето добивката по малцински интереси се зголеми за 1.3% и изнесува на 30,7 милиони евра. “Падот на продажбата е предизвикана од прекинот на соработката со најголемите купувачи на приватни трговски марки во делот на спортот и функционална храна и намалување на вредноста на руската рубља и српскиот динар. Доколку се исклучат овие ефекти, приходите од продажбата во споредба со истиот период минатата година бележи пораст од 3,0 отсто. Оперативната добивка која се намали главно беше претходно најавена со значајни инвестиции во развојот на дистрибуцијата на сопствените брендови во Германија и Австрија, а речиси кај сите деловни сегменти се забележува значителен раст на профитабилноста”, објаснува Зоран Станковиќ, потпретседател на Групата за финансии. 
Од поважните деловни настани се издвојува инвестицијата во зајакнувањето на капацитетот на дистрибуцијата во Германија и Австрија со цел значително да се зголеми продажбата на сопствените брендови на овие пазари, како и реконструкција на стратешката бизнис област Спортската и активна исхрана, со фокус на производи со највисока профитабилност. Исто така, Атлантик заедно со ЕБОР и четирите партнерски банки (Ерсте, Рајфајзен, Сбербанк и Уникредит) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се согласија на повеќе поволни финансиски услови за кредитен пакет во вредност од 191,5 милиони евра со подолг рок на доспевање. Исто така има и успешна емисија на корпоративни обврзници во износ од 27 милиони евра со фиксна годишна каматна стапка од 3,125 отсто. Според најновите истражувања спроведени од страна на „Валикон“ четири трговски марки на Атлантик Група се меѓу првите 10 брендови во регионот (Цедевита, Смоки, Аргета и Кокта) и Атлантик група има освоено награди за најдобро корпоративното управување во Хрватска и за транспарентност во односите со инвеститорите.
 
На севкупниот раст на приходите од продажбата на Атлантик Група во првите девет месеци од 2016 година, доколку се изземат погоре наведените негативни влијанија, најмногу придонеле стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 14,1 отсто, стратешката бизнис област Здравје и нега со раст од 6,3 отсто, стратешката бизнис област Слатко и солено со раст од 2,4 отсто и дистрибутивна област Хрватска со раст од 1,5 отсто. Кафето со 20,5 отсто удел во вкупните приходи од продажбата се издвојува како најголема поединечна категорија со 102,9 милиони евра приходи од продажба.
Во однос на пазарите, најголем раст од 3,7 проценти е остварен на хрватскиот пазар, кој со удел во вкупните приходи од 29,3 отсто претставува најголем пазар во Атлантик Група, потоа пазарот на БиХ, се зголемил за 3,4 отсто и има удел во вкупниот приход од 8,0 отсто, а на словенечкиот пазар е забележан раст од 2,0 отсто, со учество од 16,2 отсто.
Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 68,3 отсто, дистрибуција на производите на трговските марки со 20,5 проценти, фармацевтскиот ланец Фармација со 7,1 отсто, додека производите кои Атлантик Група ги произведува  како приватни трговски марки за големи деловни системи во земјата и во странство учествувале во вкупната продажба со 4,1 проценти.
  
Од поважните деловни настани се издвојува инвестицијата во зајакнувањето на капацитетот на дистрибуцијата во Германија и Австрија со

Пронајдете не на следниве мрежи: